Македонија – Албанија – НАТО
24 април 2007Реклама
Македонските и албанските министри за надворешни работи и за одбрана, денеска во Охрид разговараат за задачите што треба да се исполнат пред самитот на НАТО во 2008 година. Вчера, американскиот заменик-државен секретар, Розмари Ди Карло, по средбите со македонскиот државен врв во Скопје изрази задоволство од напредокот на земјата на патот кон НАТО, но потенцираше дека Македонија има уште многу работа. САД ја повикаа власта и опозицијата во Македонија да работат заедно на реформите за членство во НАТО. Околу проблемот на Косово, Ди Карло изјави дека САД настојуваат прашањето на статусот да се затвори за неколку месеци.