1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Андоновски ќе ги предводи светските фудбалски прваци

БГ /АП
25 октомври 2019

Американската фудбалска асоцијација ќе го именува Влатко Андоновски за нов селектор на женската фудбалска репрезентација која веќе двапати едноподруго стана светски првак. Скопјанецот ќе атакува на олимписката титула.

https://p.dw.com/p/3Ry58
FIFA Frauen-WM 2019 Finale | USA vs. Niederlande | Weltmeister USA
Фотографија: Getty Images/A. Grimm

Се очекува Влатко Андоновски да ја замени Џил Елис на чело на актуелните светски прваци во женски фудбал. Именувањето ќе биде објавено в понеделник во Њујорк. 43-годишниот скопјанец живее и работи во САД од 2000 година. Најпрво таму настапувал како фудбалер, а потоа кариерата ја продолжил како тренер во женскиот фудбал. Веќе има освоено две американски титули со тимот на Канзас сити, а досега го предводеше тимот на Реин од Сиетл.

Под раководство на Андоновски, САД ќе се обидат да станат првиот тим во историјата кој ги освоил Светското првенство и Олимписките игри едноподруго.

Меѓу најголемите поборници за именувањето на Андоновски беше и најдобрата светска фудбалерка Меган Рапино, која игра за тимот на Сиетл.
„Неговата тактичка флексибилност и знаење се неверојатно. Мислам дека во женската фудбалска лига дури и не можеше да покаже се што знае“, изјави Рапино.

FIFA Frauen-WM 2019 Finale | USA vs. Niederlande | Weltmeister USA
Најдобрата светска фудбалерка Меган Рапино е задоволна со именувањето на АндоновскиФотографија: Getty Images/M. Hitij

Андоновски во кариерата има настапувано за Работнички, Вардар и Македонија Ѓ.П. Првиот меч на клупата на САД ќе му биде против Шведска на 7 ноември годинава.