Македонец обвинет за воено злосторство во Хрватска
25 септември 2013Македонец е обвинет од страна на Жупаниското државно обвинителство во Шибеник за злосторство врз цивили направено во декември 1991. година во хрватскиот град Дрниш, јавуваат денеска хрватските медиуми. Тој и останатите шестмина обвинети се товарат за брутално заплашување на хрватското население , злоставување и пљачкосување.
Според обвинителството, постапката против Македонецот, тогашен поручник во ЈНА, и шестмина војници се води поради нивниот упад во куќа на постари сопружници во Дрниш. Мажот бил изудиран со раце, нозе и кундаци, додека жената кога почнала да повикува помош, истотака била физички нападната. Поручникот е обвинет и дека ја силувал. На сите им е одреден притвор и е распишана потерница. Останатите обвинети се државјани на Србија и на БиХ