1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Македонец убиен во Авганистан

БГ
2 август 2018

Македонски државјанин е меѓу тројцата киднапирани и убиени лица во близина на Кабул рано утрово. Според првичните информации, тој работел за меѓународна компанија за храна и кетеринг.

https://p.dw.com/p/32UWU
Afghanistan Kabul Bombenanschlag
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Gul

Непознати напаѓачи утрово прво киднапирале, а потоа и ликвидирале три лица кои работеле за  француската мултинационална компанија за храна и менаџмент „Содексо“ во Кабул. Меѓу тројцата убиени, еден е македонски државјанин, а останатите двајца се од Индија и Малезија. Засега нема никакви информации за идентитетот на жртвите.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за злосторството.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименуван дипломат, објави дека тројцата работници биле киднапирани рано утрово, а набрзо потоа биле пронајдени и нивните безживотни тела.

Веста ја потврди и портпаролот на полицијата во Кабул, кој вели дека покрај телата биле пронајдени личните документи на убиените.

Претставниците на „Содексо“ засега се недостапни за коментар. „Содексо“ е втората најголема компанија во светски рамки за производство на храна и кетеринг.

Според светските медиуми, работниците биле киднапирани од областа ПД9 во Кабул, а нивните тела биле пронајдени во квартот Мосаи.