1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЛШ: Барселона и ПСЖ во четвртфинале

ЕМФ/дв/макфакс13 март 2014

Во реванш натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампиони, Барселона го победи Манчестер Сити, додека ПСЖ на домашен терен славеше над Бајер Леверкузен.

https://p.dw.com/p/1BOt5
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images

Бајер Леверкузен во реванш натпреварот од осминафиналето против Пари Сен-Жермен се покажа постабилен, но сепак загуби со 1:2. Гостите го постигнаа првиот гол преку Сeм во 7.минута, шест минути подоцна израмни Маркињош, а конечниот резултат го постави Лавеци во 54.минута. По дебаклот од 0:4 во Леверкузен, сега играчите на Бајер покажаа подобра игра, но тоа не беше доволно против фаворизираниот ПСЖ. Спортскиот директор на Бајер Леверкузен, Руди Фелер, констатираше: „Сакавме да се збогуваме чесно и токму тоа го сторивме.“

Барселона на домашен терен, во интересен и динамичен натпревар забележа победа од 2:1 над Манчестер Сити. Лео Меси во 67.минута од натпреварот го постигна првиот гол за Барселона, во претпоследната минута Компани израмни на 1:1, а во 92.минута Дани Алвеш и‘ ја донесе победата на Барселона.

Champions League Achtelfinale FC Barcelona Manchester City
Фотографија: Getty Images

Преостанатите четвртфиналисти во Лигата на шампиони ќе бидат познати на 18. и 19.март, кога реванш мечевите од осминафиналето ќе ги одиграат Борусија Дортмунд и Зенит, Реал Мадрид и Шалке, Манчестер Јунајтед и Олимпијакос, односно Челзи и Галатасарај.