1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон се залага за јакнење на националните држави во ЕУ

АТ/ афп/ап4 јуни 2014

Јакнење на националните држави во рамките на ЕУ и реформа на пензискиот систем - се само два проекти на британската влада за наредните месеци. Нив ги најави кралицата Елизабета Втора во годишниот говор.

https://p.dw.com/p/1CC8f
Фотографија: Reuters

Кралицата Елизабета Втора го отвори новиот парламентарен период во Велика Британија. Во говорот кој се одржува секоја година, монархињата традиционално ја прочита владината програма пред двата дома на парламентот во Лондон. Овојпат стануваше збор за плановите на либерално-конзервативната влада на премиерот Дејвид Камерон.

Кралицата меѓу другото зборуваше и за законска иницијатива во која станува збор за јакнење на улогата на земјите-членки и националните парламенти во рамките на Европската унија. Со ова владата го потврди својот курс во ЕУ.

„Мојата влада ќе се концентрира на реформата на пензискиот систем“, прочита 88-годишната кралица. Освен тоа би требало да бидат воведни построги правила за работодавците, кои нема да исплаќаат минимална плата. Говорот беше последна можност за конзервативната влада на Дејвид Камерон да ги презентира своите планови пред изборите во 2015 година.

Годишниот говор е формален чин, и вторпат последователно, покрај кралицата и нејзиниот сопруг принциот Филип, се појавија и престолонаследникот принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.