1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерите на средба со Иванов во Јасен

21 јануари 2011

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Јасен, во околината на Скопје, ќе одржи средба со лидерите на најрелевантните политички партии. Единствен поканата за средбата ја одби лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

https://p.dw.com/p/100LG
Фотографија: Macedonian Information Agency

Целта за свикување на оваа лидерската средба е продолжение на редовните консултации на шефот на државата со најрелевантните политички субјекти за подобра реализација на овие значајни настани, обврски и приоритети, беше посочено од претседателскиот кабинет.

Според најавите во Јасен ќе се разговара за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО, спорот со името, обврските што произлегуваат од извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата, претстојниот попис, како и за двата јубилеј – 20-годишнината од независноста на Македонија и 10-годишнината од рамковниот договор.

Лидерската средба ќе се одржи непосредно пред состанокот на медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, закажан за 9-ти февруари во Њујорк.

Crvenkovski und Gruevski in Zagreb
Премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Црвенковски по подолго време повторно на заедничка масаФотографија: DW

Средбата во Јасен без Тачи

Наспроти недоамнешната јавна изјава на претседателот Иванов дека не е далеку денот за решавање на спорот со Грција, главниот уредник на неделникот Форум Атанас Кировски за Дојче Веле оценува дека македонската дипломатија е свесна оти мора да излезе од филмот на лошото момче во оваа приказна и да покаже некаква конструктивност,

„ Но јас не очекувам некакви спектакуларни решенија, дотолку повеќе што и тајмингот не му одговара на грчкиот премиер сега да се решава спорот за името “, вели Кировски според кого политичко-партискиот анимозитет меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и личната нетрпеливост помеѓу Груевски и Црвенковски се толку длабоки што е неверојатно да се постигне внатрешен конзенсус околу можното решение за името.

Инаку на денешната средба во Јасен ќе учествуваат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова Демократија, Имер Селмани. Поканата ја одби лидерот на ДПА, Менду Тачи.

Автор:АЧ/СН/ миа /макфакс

Редактор: Симе Недевски