1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куче по мирис открива рак на дебелото црево

6 март 2011

Женката Лабрадор што ја обучиле јапонски научници од универзитетот во Фукуокa успеала со мирис да го дијагностицира ракот на дебелото црево со подеднаков процент како што тоа се успева со колоноскопија.

https://p.dw.com/p/10TNK
Кучињата од расата Лабрадор можат да помогнат при дијагностицирање на канцерогените заболувањаФотографија: picture-alliance/ dpa

Женката Лабрадор во периодот од неколку месеци ги мирисала примероците измет и здивот на триста доброволци, од кои еден дел веќе имал дијагностициран рак на дебелото црево во различни фази. Успешноста била фантастична.

Таа успеала да го детектира ракот на дебелото црево во раната фаза во 33 од 36 случаи само мирисајќи го здивот на пациентите (со 90 насто успешност). Уште поточна била кога ги намирисала примероците измет и во нив го препознала ракот во раната фаза во 37 од 38 случаи. (98 насто). Приближно сличен процент се остварува со колоноскопија.

Обуката на кучињата е долга и скапа

Reisepass für den Hund EU Heimtierausweis
Со обуката на кучињата научниците сакаат да развијат сензор за откривање на ракФотографија: dpa

Јапонските научници на женките кучиња настојувале максимално да им ја отежнат работата, па меѓу примероците измет ставале и од оние луѓе кои страдаат од разни болести на системот за варење, како што се чиревите, воспаление на слепото црево и слично.

Во поранешните фази на истражувањето е утврдено дека кучињата можат да намирисаат рак на бешиката, белите дробови, јајниците и на дојката. Нивната обука е многу бавна и скапа, но научниците се надеваат дека со нивна помош ќе успеат да развијат сензор кој би можел да ги детектира посебните состојки во изметот или во воздухот, кои се поврзани со ракот.

Женката Лабрадор од Фукуока порано се користела са спасување во вода, а за откривање на ракот почнала да се обучува во 2005 година. Секој пат кога точно ќе го намириса примерокот кој содржи рак, за награда добивала време за играње со нејзиното најомилено тениско топче.

Автор: СБ /ЖА /Фена /дв

Редактор: Александра Трајковска