1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдски бунтовници убиле 24 турски војници

19 октомври 2011

Десетици турски војници ги загубиле животите во нападот на припадници на ПКК, како реакција на најавената офанзива на турската армија против позициите на ПКК во Северен Ирак.

https://p.dw.com/p/12v2C
Турски сили на југоисточкот на земјата, кои се борат против базите на ПККФотографија: picture alliance/dpa

Курдски бунтовници утрово убиле најмалку 24 турски војници на југоистокот на Турција, јавија локалните медиуми. Бунтовниците нападнале воен објект во кој биле сместени војниците на границата со Ирак. Уште 18 војници биле повредени во нападот. Според аналитичарите, ова е најсмртоносен напад на курдските бунтовници во последните неколку години, односно од 1984 година кога ПКК ја започна оружената борба против турската држава. Во конфликтот досега загинаа околу 45 илјади луѓе. По најновата вест, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја откажа посетата на Казахстан. ПКК е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ. Турската влада во последно време засилено се закануваше во навлегување во Северен Ирак за да се пресмета со курдските бунтовници. Последен пат турската армија навлезе во Северен Ирак во февруари 2008 година со повеќе илјади војници.

Автор: БГ/ЖА/дпа/афп

Редактор: Жана Ацеска