Куба е пазар со огромен потенцијал
17 јуни 2015Кубанските лекари важат за најдобри на светот. Тие се извонредно образовани, но често им недостигаат најнужни работи: лекови, завои и техника. Поради америаканското трговско ембарго и други економски санкции не можеа да се увезуваат многу работи. Сега САД ја олабавија забраната за нивен увоз, а своите трговски врски со островската држава сака да ги надгради и ЕУ.
Куба е пазар со голем потенцијал. Тоа ЕУ го знае, таа се‘ уште е најважниот економски партнер на Куба. Но својата трговија со Куба ја зголемуваат и Кина и земјите од Латинска Америка. Значи, Европа мора да притисне на педалот за гас.
Погледнете го видеото на оваа тема:
Минатата година извозот во Куба забележал намалување. Минусот во споредба со 2013 година изнесува 11%. Европа доставува во Куба на пример индустриски стоки, како машини и медицинска техника.
И увозот на кубански производи е намален, и тоа речиси за половина. Од Куба доаѓаат пред се‘ цигари, рум и никел.
Договорот за асоцијација би требало да е готов до крајот на годината. Но ЕУ постави еден услов - Куба мора да се обврзе на подобра заштита на човековите права.