Критики за „фудбалската“ мечка
19 април 2018Пред почетокот на фудбалски натпревар на викендот во рускиот град Пјатигорск, кафеавата мечка Тима беше доведена на стадионот од нејзиниот чувар. Мечката се исправи на двете нозе, ракоплескајќи како во циркус со предните шепи, со кои потоа му ја предаде топката на фудбалскиот судија, што е снимено на видео кое брзо стана вирално. Заштитници на животните од повеќе земји остро реагираа на злоупотребата на животни за вакви цели.
Градската управа го одобрила настапот на Тима, изјави претставник на домаќинот на средбата, третолигашот ФЦ Машук-КМВ, чија идеја не му донесе среќа, зашто го загуби мечот од ФЦ Ангуш Назран. Во Русија, каде по околу два месеца ќе се одржи Светското фудбалско првенство, акцијата со мечката не предизвика големо внимание.