1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики за изборната програма на СПД

4 јули 2005

Партискиот врв на германските социјалдемократи во Берлин попладнево разговара околу програмата за планираните парламентарни избори наесен. Концептот, кој официјално треба да биде донесен на партискиот конгрес на крајот на август, меѓу другото предвидува три проценти данок повеќе за оние кои заработуваат над 250 илјади евра годишно, или ако се работи за брачен пар – над 500 илјади евра годишно. Допол

https://p.dw.com/p/AeD4

�ителните средства во буџетот што ќе се слеат на овој начин треба да бидат искористени за образование и истражувања. Освен тоа, се предвидува и определување најниска плата и изедначување на додатокот за невработени на исток и запад на земјата. Еве како денеска германскиот печат ги коментира плановите на СПД:

Весникот “Зидојче цајтунг“ со критики на изборната програма на СПД:

“Кај социјалдемократите ништо не одговара со ништо. Кандидатот не одговара на програмата, програмата не одговара ниту на партијата, ниту на кандидатот и неговиот седумгодишен мандат. Како канцелар Шредер ја намали даночната стапка за оние што заработуваат многу, а сега како кандидат пропагира данок за богатите. Слично е и со граѓанските осигурувања. Ова нема да биде изборен удар. Дури и оние кои го подготвуваа манифестот знаат – се оди на победа, а всушност се работи само за избегнување катастрофа.“

“Ханделсблат“ смета:

“СПД повторно се наоѓа во облаци и ветува кули и градови – воведување данок за богатите, т.н. здравствено осигурување за граѓаните, намалување на резовите во износот што го добиваат невработените.Умните социјалдемократи многу добро знаат дека милионерите, кои се многу мобилни, не можат да се врзат со синџири, исто како што не можат да се врзат ниту инвеститорите на капитал. Не е едноставно да им се земе данок и да се бара да уплаќаат за даночните управи и касите за здравствено осигурување.“

“Мителдојче цајтунг“ критикува:

“СПД, кој е притиснат некаде меѓу партијата на левицата и опозиционите партии на унијата и либералите, повеќепати досега избираше политичко-дифузен пат според принципот цик-цак. Малку лево, малку десно. Овде малку зголемување на данокот, таму малку намалување, издвојување неколку стотини милиони годишно за инфраструктура, но никако воведување такси за студирање. Се чини ќе трае многу долго додека СПД најде социјалдемократски одговори на горливите прашања.“

Видно место во печатот денеска заземаат и коментарите на концертите Live 8 , со кои рок и по ѕвездите од целиот свет сакаа да дадат поттик за помош на гладните и сиромашните во светот.

“Вестдојче Алгемајне цајтунг“ пишува:

“На поп браншата со нејзината музика и појде од рака да го зголеми притисокот врз најбогатите индустриски земји во светот, чии претставници неделава ќе се состанат во Шкотска. Но, просто отпишување на долговите не е доволно. Проблемите на Африка се комплексни, тие се разликуваат од земја до земја. Неопходно се индивидуални решенија и политичка волја на светските моќници. Затоа овие концерти имаат смисол. Оној што тоа го критикува, би требало да понуди поинакви решенија.“