Криза во СПД
1 ноември 2005Минтеферинг се реши на ваков чекор откако претседателствот на партијата вчера против неговата волја, за генерален секретар на партијата ја номинираше Андреа Налес.
Шефот на СПД Минтеферинг мораше да го соопшти тешкиот неуспех што не му го приредија политичките противници, туку сопствените колеги:
„Се водеше битка меѓу кандидатите и по долга дебата се случи следниов резултат: Андреа Налес доби 23, а Кајо Васерхефел 14 гласа„.
Тоа значи дека на партискиот конгрес по две недели во Карлсруе, Андреа Налес ќе биде кандидат за функцијата генерален секретар. Жена што шефот на партијата Минтеферинг ја сметаше за еден вид контра-претседател и затоа се обиде да го спречи нејзиниот избор. Ниту повеќето интервенции на канцеларот на заминување Герхард Шредер не можеа да го спречат несупехот на Минтеферинг. Една од причините може да биде начинот на кој тој го испрати во трката својот близок соработник Васерхефел: попатно во интервју за неделникот „Шпигел„ без да го информира партискиот врв. Сепак, консеквенцата што ја повлече е болна за партијата. Минтеферинг:
„Свикав седница на претседателството и јасно ставив на знаење дека како претседател ќе ги продолжам коалиционите преговори. Немаме многу време. Кон крајот на идната недела се треба да биде завршено. Но, јасно ставив на знаење дека на партискиот конгрес во Карлсруе по две недели нема да се кандидирам за претседател„.
Минтеферинг досега беше централната личност за социјалдемократите во коалиционите преговори со Унијата. Тој беше кандидат за вице-канцелар и министер за труд. Сега и таа функција ја остави отворена. Веќе утре претседателството на партијата ќе предложи нов кандидат за местото партиски претседател. Како можни наследници во Берлин се спомнуваат премиерот на покраината Бранденбург, Матијас Плацек и премиерот на Рајнланд – Пфалц Курт Бек.
Што се однесува до коалиционите преговори Минтеферинг уште изјави:
„Јас сум претседател на партијата до средината на ноември, а дотогаш мора да се постигне коалициониот догвоор. Јас би сакал да ја завршам таа работа, така да се каже, како круна на времето во кое бев претседател на партијата. Јас нема да си одам, туку сум и на располагање на партијата за работите што можам да ги направам. Но, во вакви услови веќе не можам да бидам претседател.
Во првата реакција, канцеларот на заминување Герхард Шредер изјави:
„Во големите партии понекогаш се случуваат ситуации во кои поединци својата амбиција ја ставаат пред одговорноста за вкупното. Ова е таква ситуација. Многу жалам, но тоа не смее да има последици врз формирањето стабилна влада во Германија„.
Без оглед на кризата во СПД, по оставката на претседателот Минтеферинг, партиите на Унијата и СПД ги продолжија преговорите за формирање нова влада на големата коалиција. На средбата на врвот по тројца претставници на обете партии разговараа за мерките за штедење за покривање на празнината од повеќе милијарди во државниот буџет. И овојпат е договорено да не се зборува во јавноста за деталите. Кандидатката за канцелар Ангела Меркел и Минтеферинг јасно соопштија дека и натаму остануваат со намерата да формираат голема коалиција. Меѓутоа, по оставката на Минтефереинг, претседателот на социјал-христијанската унија Едмунд Штојбер изјави дека сега станува збор за променета ситуација. Според него тој сега размислува да не соработува во кабинетот на големата коалиција:
„Секако ова е за мене, за нас, е променета ситуација и јас за тоа ќе разговарам со престедтелството. Господин Минтеферинг како претседател секак беше авторитет и еден од столбовите на големата коалиција. Сега тоа е променето„.