1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвопролевањето во Газа не запира

ЕМФ/дпа/афп30 јули 2014

На војната во Газа не и‘ се гледа крајот. Во напад врз училиште на ОН загинаа најмалку 16 лица. Повиците за прекин на огнот стануваат се‘ погласни, но двете страни продолжуваат со напади.

https://p.dw.com/p/1CmKz
Фотографија: AFP/Getty Images

Три недели по почетокот на воената операција, израелските напади во Газа продолжуваат со несмалена жестокост. Во напад врз едно училште на организацијата на ОН - УНРВА, сместено во бегалски камп во Џабалија, денеска загинаа најмалку 16 лица, соопшти портпарол на палестинските спасувачки екипи. Во палестинските медиуми се зборува за 20 и повеќе загинати. Во тој дел на Газа, кој и онака важи за пренаселен, владее уште поголема турканица, со оглед на тоа што десетици илјади Палестинци од другите делови на енклавата таму бараат засолниште од израелските напади. Портпаролот на УНРВА, Крис Гунеш, соопшти дека во нападот загинале и петмина соработници на ОН, од кои тројца наставници кои работеле за организацијата.

Портпаролка на израелската армија изјави дека привремената истрага на инцидентот покажала дека милитантни Палестинци во околина на училиштето испалиле гранати врз израелските војници. Трупите возвратиле на огнот, тврди таа.

Gazastreifen Nahostkonflikt 30.7.2014
Фотографија: picture-alliance/dpa

Досега засолниште во училиштата на ОН побараа повеќе од 200.000 Палестинци.

Од почетокот на израелската воена офанзива на 8. јули, според последните податоци од Министерството за здравство, загинаа 1283 луѓе, а повредени се околу 7200.

Инаку, нападите на милитантните Палестинци врз Израел продолжуваат и денеска (30.07). Воениот шеф на Хамас, Мохамед Деиф, кој дејствува од илегала, во аудио порака пренесена вчера преку една телевизија на Хамас, рече дека прекин на огнот е можен под услов да запре израелската офанзива.