1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на полициската мисија на ЕУ во БиХ

АМ/бета30 јуни 2012

Полициската мисија на ЕУ во Босна и Херцеговина, по десетгодишен ангажман, денеска го завршува својот мандат. Затворањето на ЕУПМ не значи и прекинување на помошта на ЕУ за Босна и Херцеговина.

https://p.dw.com/p/15OYH
Фотографија: EUPM

„ЕУПМ се затвора, меѓутоа помошта на ЕУ за Босна и Херцеговина продолжува преку специјалниот претставник на ЕУ и преку претпристапната помош од ИПА финдовите“, рече портпаролката на мисијата Моња Колудер.

Таа додаде дека не е планирана свеченост по повод заминувањето на полициската мисија на ЕУ од Босна и Херцеговина. Колудер рече дека процедурата за затворање на мисијата траела шест месеци.

ЕУПМ е првата цивилна мисија на ЕУ за управување со кризна ситуација, а во Босна и Херцеговина е покрената во склоп на европската безбедносна и одбранбена политика. ЕУПМ во минатите десет години беше поддршка во спроведувањето на мирот и борбата против организираниот криминал и корупција, а беше ангажирана и во реформата на босанската полиција.

Меѓународни и домашни функционери се согласија дека оваа мисија успешно го завршува својот мандат и оти со тоа се праќа порака дека кризата во БиХ во голема мерка е решена.