1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кралицата Елизабета даде сигнал

Бетина Штекемпер/ Ж.А.26 јуни 2015

Во Франкфурт на Мајна кралицата Елизабета Втора ја посети Паулосовата црква, каде во 1848 година се сретнале првите народни пратеници за да изработат устав со основните права.

https://p.dw.com/p/1FnhK
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Комплимент за телесната кондиција на кралицата, уште утрото со принцот Филип од Берлин отпатуваа за Франкфурт, во прва посета на финансиската метропола. Пред историски знаменитата општинска зграда ги очекуваа стотици љубопитници.

„Кога кралицата доаѓа во Франкфурт, треба да се искористи приликата, веројатно нема повеќе да дојде,“ вели една жена.

„Повеќе пати бев во Лондон, но никогаш не ја видов, сега таа е во мојот град и сакам да ја видам, што е разбирливо,“ објаснува еден граѓанин.

Пред влезот во Паулосовата црква, за многумина колевка на демократијата, кралицата ја поздравуваат со германска народна песна. Политичките аналитичари посетата на кралицата на Франкфурт ја толкуваат како доказ за желбата на Британците за останување во ЕУ.

На мнозинството франкфуртчани им е доволно да ја видат кралицата, одушевено ја поздравуваат на краткиот пат до општинската зграда.

Подоцна, во говорот на приемот, хесенскиот премиер Фолкер Буфие кажа зошто Британците се толку важни за Германците.

„70 години по крајот на Втората светска војна, со благодарност можеме да констатираме дека европските народи успеаја да пребродат век на војни, ривалитет, недоверба и крвопролевање. Би сакале Обединетото Кралство да остане како посилен и важен партнер во европската заедница.“

Посетата на кралицата во Франкфурт беше краткотрајна, но сигналот е категоричен. Германците сакаат Британците да останат во заедничкиот брод.

Важен сигнал на кралицата во Франкфурт