„Котелот“ во Марсеј е можеби предност за Германија
7 јули 2016Се врати и веќе е во жижата. Капитенот Бастијан Швајнштајгер се опорави побрзо од очекуваното. Сѐ уште со бандажирани колена, но очигледно подготвен за удар против Франција. Германскиот селектор Јоахим Лев оцени:
„Мислам дека тој е важен за нашиот тим. Неговото искуство е од огромно значење токму во ваков натпревар, ваков котел.“
Котелот вечерва е стадионот во Марсеј, втор по големина на ова европско првенство. И најгласниот! Околу 67-те илјади гледачи ќе навиваат главно за триколорите. Но, дванаесеттиот играч не мора да биде и секогаш пресуден за победа.
„Кога си домаќин и знаеш дека имаш добар противник, тогаш тоа предизвикува истовремено и еуфорија што ги имаш гледачите на своја страна, но и извесен притисок. Мислам дека сме во состојба тоа да го искористиме“, уверен е Тони Крос, репрезентативец на Германија.
Овде можете да го погледнете видеото:
Селекторот Лев сѐ уште не кажува каква ќе му биде тактиката, но веќе утврдил некои слабости кај противникот, кои неговиот тим треба да ги искористи:
„Уверен сум дека ние ќе бидеме најтешкиот противник за Франција досега. Франција можеби досега немаше силни противници. Се разбира, ќе сториме сѐ за да стигнеме во финалето.“
И порај тоа, натпреварот нема да биде прошетка. Зашто, и покрај враќањето на Швајнштајгер, германскиот тим со својата резервна клупа е ослабнат во досега најважниот натпревар на првенството.