1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовски доброволци војуваат во Сирија

Рефки Алија/ Симе Недевски2 јули 2013

Повеќе десетици Албанци, сметајќи ги и оние од Косово, според неофицијални податоци, се борат на страната на Слободната сириска армија. Помош за сунитските браќа - е главниот мотив за одење во војна.

https://p.dw.com/p/1905l
Фотографија: Reuters

„Моето заминување во Сирија беше мотивирано од верата. Видов дека таму започна војна меѓу сунитите и шиитите и земајќи ја предвид помошта која aлевитите ја добија од своите шиитски браќа, инспириран од Куранот и идеите на божјиот пратеник, гледајќи ги шокантните сцени и масакри над жени и деца, решив да и' излезам во пресрет на таа земја и да заминам за Сирија“, раскажува еден Албанец од Косово, поранешен борец во Сирија, земјата за која што претходно не ни знаел каде се наоѓа.
„Таму се случува геноцид... Отидов таму да умрам, но тоа не зависеше од мене. Тоа е во рацете на Алах. Не ми ја зеде душата и се вратив на секојдневниот живот“, раскажа тој човек под услов да не му се спомене името.

Оправдана помош во соборување на диктаторот

Идриз Билибани од Призрен е магистер по исламски науки. Меѓу своите симпатизери е познат и како „шеик“. Тој го проповеда исламот на начин кој до пред десетина години не беше познат на просторите во Косово:
„Зошто би било проблем ако некој од овие простори решил да му помогне на тој страдалнички народ? Човек оди да му помогне на народот кој се мачи и е убиван од страна на диктаторскиот, Асадов режим. Цел свет е уверен во злосторствата на Асад над сунитското население и тие злосторства секој ден се се' полоши и полоши. Меѓу обичните луѓе, а особено меѓу разумните, не би требало да се расправа за тоа дека е обврска на целиот свет да и' помогне на Сирија и што побрзо да го собори диктаторот.“

Срам за Косово

Сосема поинаку мисли социологот за религија Исмаиљ Хасани. Тој прво признава дека нема податоци за борците од Косово во сириската војна и додава: „Ако е тоа така, тогаш е тоа срам кој паѓа на Косово. Ние се' уште не сме ги санирале нашите рани, нашите жртви, се' уште имаме загубени луѓе на боиштата. Тоа да се најде ’умна глава’ која ќе оди таму да војува за господ знае чии интереси- тоа е срам за косовското општество“, вели Хасани.
Истовремено Идриз Билибани оди и понатаму и вели дека „христијаните се поблиски до муслиманите отколку шиитите кои се најголеми непријатели на исламот“. Како доказ за тоа тој наведува и некои „историски факти“ кои, вели, „се случувале со векови и во континуитет“ : „Една од шиитските секти- Карамита, во третиот хиџеретски век ја нападнала Мека, за време на аџилак и убила 1.700 аџии и околу 17.000 жители на Мека. Ја искинале завесата на Каба, а црниот камен кој бил кај нив- дури по 22 години е вратен... Дури и тогаш кога Османлиите, освојувајќи ја Европа, стигнале до ѕидините на Виена, морале да се вратат назад поради внатрешните немири кои ги предизвикале шиитите...“
Професорот Хасани смета дека државните органи морале веднаш да реагираат кога стигнале до податоци дека Косовци заминуваат да војуваат во Сирија: „Министерството за надворешни работи и останатите државни органи и агенции требаше досега да превемат мерки. Веќе е доцна за да го спречат тоа и да се види за што навистина се работи, кои се тие луѓе. Дали се тоа платеници, криминалци? Дали се тоа луѓе кои се и без вера и без милост?

Rebel fighters from the Al-Ezz bin Abdul Salam Brigade attend a training session at an undisclosed location near the al-Turkman mountains, in Syria's northern Latakia province, on April 24, 2013. AFP / MIGUEL MEDINA (Photo credit should read MIGUEL MEDINA/AFP/Getty Images)
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images
Syrien Konflikt Bürgerkrieg Staatspräsident Baschar al-Assad
„Оправдана војна против диктаторот Башар Ал Асад“Фотографија: picture alliance/dpa

Нема организирани групи кои одат во Сирија

Доктор Азлум Бараљиу, правен експерт и ректор на Универзитетот во Призрен, не го оспорува правото „идеалот за слобода и демократија различно да се толкува и во таа насока да се дејствува“. Но, вели: „Ако одредено дејствување на поединци е спротивно со националното, а особено со меѓународните закони, како и со стандардите на хуманитарното право, тогаш тоа е предмет на расправа на правните органи, односно органите на гонење или меѓународните судови“, укажува Бараљиу.
Во писмена изјава за ДВ, заменик министерот за надворешни работи на Косово Петрит Селими, вели дека Министерството внимателно ги следи извештаите за учество на европските, балканските и другите платеници во сирискиот конфликт. „Во Косово нема организирани групи кои одат во Сирија. Ние немаме податоци ни за евентуални поединци кои учествуваат во таа војна“, тврди Селими.