1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војска на гордост, а потоа сѐ друго

14 декември 2018

Без присуство на пратениците на Српска листа, парламентот во Приштина одлучи: Косовските сили за безбедност се трансформираат во Војска на Косово. За каква војска се работи и има ли во нејзе место за Србите?

https://p.dw.com/p/3A7X1
Kosovo Sicherheitstruppe
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Kryeziu

„Тоа сигурно ќе биде мала војска, поради малиот буџет којшто ќе го има идното Министерство  за одбрана на Косово“, вели за ДВ, Шпетим Гаши од приштинскиот Совет за инклузивно управување, и додава: „Верувам дека е тоа повеќе војска на гордост, а дури потоа вистинска војска.“

Сепак, како што оценува Лазар Ракиќ од Центарот за алтернативно решавање спорови во северна Митровица, иако „долгорочно тоа претставува почеток на транзиција на КСБ во Војска на Косово, за нејзина целосна операционализација сигурно ќе бидат потребни години“:

„Краткорочно, тоа е популистички потег на косовските власти, зашто не сум сигурен дека може да зборуваме  за некои надворешни, безбедносни закани за Косово сѐ додека постои едно НАТО-знаме на Косово“, нагласува Ракиќ.

Има ли во таа војска место за српската заедница?

Шпетим Гаши објаснува: „Србите на Косово, всушност, бојкотираат. Српската листа која ја претставува српската заедница овде на Косово ја бојкотира таа војска. Засега војската ќе има само албански државјани на Косово, но Уставот вели дека во сите јавни институции десет отсто мора да бидат од редовите на малцинствата. Но нивната (српска) квота ќе биде резервирана до моментот додека не одлучат да учествуваат.“

Ракиќ, од друга страна, укажува дека е важно да се каже оти „Србите на политичко ниво се маргинализирани и заобиколени во тој процес, едноставно преку заобиколување на Уставот. Значи, за да се врши каква било  уставна промена на Косово, потребни се минимум четири гласа на српските претставници во парламентот. Во овој случај, Уставот на Косово е заобиколен и тоа се случува преку измена на закон.“

Што ќе се случува по денешното гласање?

Проценките на Гаши и Ракиќ во видеото: