1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Дали пушењето штити од коронавирусот?

Ангела Клингмилер
28 септември 2021

Пушачите поретко се разболуваат од Ковид-19. Научен тим од Јапонија открива како чадот од цигарите влијае врз клетките и зошто, и покрај тоа, пушењето не е добра идеја.

https://p.dw.com/p/40uuh
BdTD Coronavirus Deutschland Mundschutz für Raucher
Фотографија: AFP/I. Fassbender

Дали пушењето штити од инфекција со коронавирус? Од почетокот на пандемијата, ова прашање предизвикува жестока научна дебата. Да, добро прочитавте: од самиот почеток на пандемијата, многу студии заклучија дека пушењето најверојатно го намалува ризикот од инфекција со коронавирус, што ги натера пушачите да се опуштат. 

Една француска студија, на пример, ги анализираше податоците за пациенти заразени со коронавирус во болница во Париз и откри дека само 5% од пациентите биле пушачи, односно значително помалку отколку кај општата популација, во која пушачите се 25 проценти. Овој т.н „парадоксот на пушачите“ се истакнува и во различни други студии. Но, досега, причината за тоа не е јасна. 

Како делува чадот врз вирусот? 

Меѓутоа, сега, научниците од Хирошима успеаја да направат чекор напред. Тие го испитуваа местото на пенетрација на коронавирусот во ќелијата - т.н. „влезен протеин" ACE2, кој служи како рецептор за SARS-CoV-2. Целта на експериментот беше да се открие под кои услови клетките го зголемуваат или намалуваат производството на ACE2. 

Забрана за пушење - неопходна заштита или хистерија?

Кеиџи Танимото и неговиот тим прво пребаруваа клетки со особено големо количество ACE2 на површината и на тој начин дојдоа до т.н. HepG2 клетки. Во експериментот, овие клетки беа подложени на различни количества екстракт од чад од цигара во период од 24 часа, и на тој начин беше направено изненадувачко откритие: колку повеќе чад од цигара, толку помалку ACE2 создале клетките, т.е. толку помалку влезни порти останале за вирусот.

Јапонските научници го објаснуваат ова со полициклични ароматични јаглеводороди (ПАК) кои ги содржи чадот од цигара. Ова се супстанции кои можат да предизвикаат рак, но рецепторот активиран од нив за време на експериментот беше идентификуван како важен фактор за намалување на ACE2.

Барем во лабораторија, се чини дека чадот од цигарите навистина ја спречува пенетрацијата на SARS-CoV-2 во клетките, а со тоа и инфекцијата, под услов полицикличните ароматични јаглеводороди содржани во него да го ограничат просторот за да се смири вирусот. 

Дали треба да почнеме да пушиме? 

Не! Од заклучоците на јапонските научници не може да се изведе препорака за пушење. Вон овие наоди, пушачите се многу повеќе изложени на ризик од сериозно заболување од Ковид-19. Според СЗО, пушачите имаат 40%-50% поголем ризик од тешки болести и смрт. Така што, пушењето воопшто не се препорачува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи