1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција во Авганистан против насилството

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSYw

Во Кабул денеска почна тридневна конференција на која ќе се бараат нови патишта за надминување на насилствот во регионот кои се во пораст. На средбата учествуваат племенски водачи, политичари и религиозни лица од Авганистан и Пакистан. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на отварањето побара од делегатите да работат заедно за да се постигне успех во запирањето на борбите и немирите. Талибанците повикаа на бојкот на таканречената мировна Џирга. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф кратко пред почетокот го откажа учеството на конференцијата поради сложената ситуација во земјата. Се шпекулира дека сака да воведе вонредна состојба во земјата, но Исламабад демантира.