1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Контроверзна изјава на Кери за Израел предизвика огорченост

ЕМФ/дв29 април 2014

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери крена голема прашина со една своја контроверзна изјава за Израел, кого наводно го споредил со апартхејд-држава.

https://p.dw.com/p/1BqaH
Фотографија: thedailybeast.com

Џон Кери, минатиот петок (25.04), во Вашингтон, на манифестација затворена за јавноста, наводно рекол дека Израел ризикува да се претвори во „апартхејд-држава со граѓани од втора класа“, доколку земјата не ја искористи наскоро шансата за договор за мир. Кери зборувал пред дипломати. Мировните разговори за Блискиот Исток во кои посредува Кери досега се без успех, а рокот од девет месеци за постигнување мировен договор истекува утре.

„Кери, срамота! Има зборови кои не смеат да се употребат“, напиша израелскиот министер за сообраќај Израел Кац на својата Фејсбук-страница. Кац припаѓа на владеачката партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху. И од други страни, како во Израел, така и во САД, стигнаа барања Кери барем да се извини за својот „вербален испад“. Произраелски групи во САД и еден републикански сенатор дури побараа шефот на дипломатијата да поднесе оставка.

Изјавата на Кери во неделата (27.04) ја пренесе порталот „The Daily Beast“ (на фотографијата) и напиша дека поседува снимка од тоа што се зборувало.

Министерот за надворешни работи потоа беше принуден да даде опширна изјава, во која тврдеше дека е вистински поддржувач на Израел. „Израел е пулсирачка демократија. Ниту мислам, ни сум рекол јавно или приватно дека Израел е апартхјед-држава или дека тоа може да стане“, нагласи Кери.