Конечно постигнат договор за централната влада во БиХ
28 декември 2011Лидерите на шестте водечки партии во Босна и Херцеговина денес постигнаа договор за формирање на Советот на министри на БиХ , ставајќи и со тоа крај на 14 месечната политичка криза во земјата која ја парализираше државата и ја блокираше нејзината натамошна интеграција во ЕУ.
„Постигнавме договор за составување на владата“, изјави претседателот на Партијата за демократска акција, Сулејман Тихиќ на пресконференција во Сараево.
Тој додаде дека политичките лидери истотака се согласиле за две важни законски регулативи (за пописот и за распределување на државните дубвенции) , за кои Брисел инсистираше да ги преземе БиХ со цел натамошно да напредува во евроинтеграциите.
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик го пофали денешниот договор како победа за „компромисот и разбирањето“ .
„ По имплементацијата на двата закона за пописот и за субвенциите и по формирањето на Советот на министри Босна и Херцеговина може да аплицира за статус на кандидат за членство во ЕУ“, рече Додик.
Автор:СН/афп/бета
Редактор: Симе Недевски