1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кондолиза Рајс на разговори за Блискиот исток кај Ангела Меркел

18 јануари 2007

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс допатува во Лондон на разговори со британскиот премиер Тони Блер околу најновите напори за заживување на мировниот процес за Блискиот исток. Претпладнево најновиот развој на ситуацијата во ова светско жариште Рајс го разгледа и со германската канцеларка Ангела Меркел, која е моментално претседавач со ЕУ.

https://p.dw.com/p/Ac01
Рајс и Меркел во седиштето на германската влада во Берлин
Рајс и Меркел во седиштето на германската влада во БерлинФотографија: AP

Ангела Меркел не го криеше задоволството што шефицата на американскиот Стејт департмент лично допатува во Берлин директно од турнејата по земјите од блискио-источниот регион. Истовремено Меркел оцени:

“Се стекнува впечаток дека има придвижување по прашањето на израелско-палестинскиот конфликт. Имаме зеднички политички интерес за овој конфликт да се најде решение и ЕУ сака да даде придонес во таа наскоа во рамки на блискоисточниот квартет.“

И гостинката од Вашингтон изјави дека на Израелците и Палестинците им е важно конечно да постигнат некаков напредок во врска со планот на меѓународната заедница за надминување на деценискиот конфликт. Во планот што пред подолго време го изработи блискоисточниот квартет, а во кој покрај САД и Еу членуваат уште Русија и ОН, се поставени конкретни цели за постигнување на целта. Кондолиза Рајс уште вчера вечер во Берлин на средбата со ресорниот колега Франк Валтер Штајнмајер најави дека договорила тројна средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

“Ќе требаат уште неколку недели додека да се подготви средбата на Олмерт и Абас и затоа би било корисно претходно да се одржи и состанок на Квартетот“ - посочи шефицата на американската дипломатија.

Како термин за разговорите на прертставници на Квартетот веќе е во оптек 2. февруари, а како место на одржување е одбран Вашингтон. Според најавите од дипломатски кругови во Берлин, во рамки на политичките подготовки канцеларката Ангела Меркел веќе в недела патува за Москва, каде на разговорите со претседателот Владимир Путин важна улога ќе игра барањето мировно решение за Блискиот исток.