1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комшиќ: Секое ново исцртување на границите води кон конфликт

24 октомври 2011

Претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ во Скопје разговараше со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Двајцата ја истакнаа решителноста на двете земји во евроинтеграцискиот процес.

https://p.dw.com/p/12xnu
Жељко КомшиќФотографија: AP

Секоја идеја, па и помислата за промена на границите во регионот, ново исцртување на можни етнички територии и држави води кон нов конфликт, изјави во Скопје претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ на прес-конференцијата со својот домаќин, Ѓорге Иванов.

Двајцата рекоа дека не значи оти двете земји се откажале од евроатланските интеграции во периодот во кој ЕУ е преокупирана со внатрешните економски проблеми. Тие додадоа дека ова време треба да се искористи за средување на внатрешните состојби и реформирање на општествата и изградбата на државите.

Сите проблеми треба да се решаваат низ дијалог, рекоа претседателите Комшиќ и Иванов. Бизнисмените се’ повеќе ги развиваат економските релации и честопати се пред политичартите, рече шефот на македонската држава со податокиот дека Босна и Херцеговина е меѓу 20 земји со кои Македонија има развиени трговски односи.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска