1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комеморација за жртвите од Холокаустот во Скопје

БГ/миа8 април 2013

Во Скопје со комеморација беше одбележан Јом Ашоа - Националниот комеморативен ден на Холокаустот. Сеќавање на шест милиони Евреи убиени во Втората светска војна

https://p.dw.com/p/18Brg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Меморијалниот центар на Евреите во Скопје денеска беше одбележан Јом Ашоа - Националниот ден на холокаустот што државата Израел го одбележува во знак на сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот.

„Нека поменот на шесте милиони невини жртви од кои еден милион деца ни биде основа во грижата и совеста на младите генерации да им овозможиме да научат за Холокаустот и за страдањата од Втората светска војна. Само така младите може да извлечат морална порака и на адекватен начин да се соочат со предизвиците на модерните времиња и да ги задржат традиционалните вредности на живеење во заедници и верскиот соживот“, рече во обраќањето пред присутните Берта Романо-Николиќ, претседателката на Еврејската заедница во Македонија.

Комеморацијата се одбележа со промоција на книгата „Ти веруваш - 8 погледи за холокаустот на Балканот“ од Леа Коен и со палење свеќи. Шесте комеморативни свеќи ги запали Бехар Израел најстариот член на заедницата кој го преживеа холокаустот.