1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку се реални плановите на квадрилатералата?

Ивица Петровиќ
24 декември 2018

Иако не беше прва средба од тој вид, состанокот на квадрилатералата - Србија, Бугарија, Романија и Грција во Белград е, условно речено, изненадување дури и за внимателните набљудувачи на политичките случувања во Србија.

https://p.dw.com/p/3AaHy
Serbien Belgrad - Balkan Gipfel mit Bulgariens Premierminister Boyko Borisov, Rumäniens Premierministerin Viorica Dancila,  serbischer Präsident Aleksandar Vucic und Griechenlands Premierminister Alexis Tsipras
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Состанокот на квадрилатералата во Белград беше посветен на европските интеграции, инфраструктурните проекти и енергенсите, но и на организацијата на Европско и Светско фудбалко првенство. Српскиот претседател Александар Вучиќ, како и премиерите на Романија, Бугарија и Грција, по средбата нагласија дека нивна цел е посилно економско и политичко поврзување. Како главна тема на разговорите беше наведено претседавањето на Романија со ЕУ, а во фокусот на разговорите биле и односите во регионот, како и дијалогот Белград-Приштина.

Иако ова не е прва средба во ваков формат, состанокот на квадрилатералата во Белград, условно речено, е изненадување дури и за внимателните набљудувачи на политичките случувања во Србија. Кога ќе се каже регион, или кога се говори за Западен Балкан, главно се мисли на соработка на државите од бивша Југославија, па оттука средбата на челниците на овие четири земји делуваше како некоја голема новост.

Тоа, според Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, е знак дека Србија, покрај земјите од просторите на поранешна Југославија, сега се врти и кон своите источни и јужни соседи:

„На тој начин се прави некој вид баланс, а покрај тоа исклучително значајно е и што станува збор за земјите членки на ЕУ. Србија со тоа исто така бара и некаков вид поддршка во рамките на самата Европска Унија“, истакнува Попов.

Јелена Милиќ, директорка на Центарот за евроатлантски студии, го додава и фактот дека станува збор за важни членки на југоисточното крило на НАТО:

„Тука се и две земји кои не ги имаат признато Косово. Тоа може да биде важно за Србија, зашто преку тие земји може да се види која форма на меѓусебните односи на Србија и Косово би можела да го олесни застојот кој настана во рамките на ЕУ токму поради земјите кои не го признаа Косово. Тука, се разбира, мислам пред сѐ на Шпанија“, истакнува Милиќ.

Повеќе: Харадинај го урива кредибилитетот на ЕУ

Обидувајќи се да ја разбие евентуалната скепса кај останатите земји во регинот, бугарскиот премиер Бојко Борисов во текот на престојот во Белград нагласи дека овој формат, и поцврстото поврзување на четирите земји, не е вперен против никого. „Тоа е компатибилно со политиката на ЕУ и на сите кои сакаат соработка во регионот.“ Борисов посебно ја нагласи заедничката работа на политиката на азил, зашто, според него, „мигрантското прашање може да го потопи Балканот“.

Романски фокус - европските интеграции на Србија

Европските интеграции на Србија очигледно биле во центарот на вниманието на состанокот. Грчкиот премиер Алексис Ципрас по тој повод рече дека „смета оти Србија ги исполнува условите за приклучување кон ЕУ“, додека романската премиерка Виорика Данчила вети дека „Романија во текот на целото свое претседавање со Унијата ќе ја држи во фокус темата за европскиот пат на Србија“.

Повеќе: Романија ја напаѓа ЕУ

Што може да очекува Србија од романското претседавање со ЕУ од први јануари 2019 година?

Мислам дека е многу значајна пораката што романската премиерка ја нагласи, а тоа е дека практично ќе работи на промоција на европските интеграции на Србија, смета Јелена Милиќ. „Ми се чини дека ниту во Србија ниту во западните коментари нема доволно знаење за тоа што Србија го прави во тој процес. Тоа понекогаш е бавно и болно, но на тоа сепак се работи и членството во ЕУ сега во новите стратешки документи е претставено и како национален интерес“, обрнува внимание Милиќ.

Serbien Belgrad - Balkan Gipfel mit Bulgariens Premierminister Boyko Borisov, Rumäniens Premierministerin Viorica Dancila,  serbischer Präsident Aleksandar Vucic und Griechenlands Premierminister Alexis Tsipras
Квадрилатералата како формат на соработка на четирите земји во сферата на безбедноста, транспортот, инфраструктурата, енергетиката и економијата е основана во октомври 2017 година, во Варна, Бугарија (фото: Белград, 22.12.2018)Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Да бидеме реални

Александар Попов смета дека кога станува збор за романското пртеседавање со ЕУ сепак би требало да се има и одредена доза реалност:

„За жал, тој пат не зависи само од земјата која претседава со ЕУ, туку и од случувањата во рамките на Унијата, а гледаме дека тоа не оди во добар правец. Оттука, ние може да очекуваме дека Романија ќе пружи поддршка на тој процес, но тоа не може да има некаков целосен ефект доколку наиде на отпор од некои други важни земји. Тука треба да се додаде и дека не е сѐ идеално ниту што се однесува до самата Србија, зашто процесот на внатрешни раформи, владеење на правото и функционирањето на институциите, наидува на сѐ поголеми критики од страна на ЕУ“, оценува Попов.

Повеќе:Добри вести од Балканот за Европа

Список на убави желби?

Амбициозните планови во областа на енергетиката и инфраструктурата се претставени и во текот на овој состанок.Ммеѓу останатото, се разговараше за електричната мрежа од Решице во Романија до Панчево во Србија, но и за тоа како Србија да дојде до гас. Разгледувана е и изградбата на автопат преку Вршац до Темишвар, за кој е речено дека романската страна има изработено студија. Србија, исто така, вложува 261 милион евра во моденризација на пругата Ниш-Димитровград.

Дел од тие планови беа слушнати и завреме на претходните состаноци, но дали нешто е и остварено? Попов вели дека ситуацијата е слична како со Берлинскиот процес:

„Соработката во областа на инфраструктурата требаше да претставува напор за надминување на минатото, но мал дел до проектите се започнати или завршени. Едно се убави желби, а друго е реалноста. За некои скапи проекти нема ниту доволно пари. Тоа е важно за поврзување на луѓето и економијата, но прашање е колкав дел од тоа може и да се оствари со оглед на економската ситуација во четирите земји“, предупредва Попов.