1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку политика смее да има во спортот?

Тобијас Елмајер Превод: Александра Трајковска 24 март 2014

Политичарот од ФДП Ламбсдорф побара од фудбалскиот клуб Шалке 04 да го раскине договорот со својот спонзор „Газпром“. Со какво право? прашува уредникот на ДВ Тобијас Елмајер.

https://p.dw.com/p/1BUy5
Фотографија: Dmitri Astakhov/AFP/Getty Images

ФДП е политичка партија која во Германија честопати била пресудното јазиче на вагата. Кој ќе направеше коалиција со неа, владееше во земјата. Така беше со децении. Во меѓувреме либералите се на пат кон политичка безначајност, па се принудени на отстапување од поранешната линија на либерална економска политика.

Александер Граф Ламбсдорф, претседателот на ФДП во Европскиот парламент сега побара од фудбалскиот клуб Шалке 04 да ја раскине соработката со главниот спонзор „Газпром“. „Додека Витали Кличко се бори за политичка стабилност и економско преживување за неговата Украина, 'Газпром' повторно ги покачува цените и бара токму од Киев за испорачаниот гас една од највисоките цени во цела Европа“, го цитираат Ламбсдорф во неделното издание на дневниот весник „Експрес“. Истовремено, вели Ламбсдорф, играчите на Шалке трчааат по германските фудбалски стадиони со логото на енергетскиот „друмски разбојник“ како ништо да не се случило и заклучува: „Владимир Путин сигурно се кине од смеење“.

На прв поглед човек и би можел да се сложи со него. Пред сѐ поради констатацијата на Ламбсдорф: „Шалке 04 е горд клуб со богата историја. Време е да се врати на своите демокртски темели и да бара нов спонзор“.

Но, од друга страна не бара ли Ламбсдорф премногу од Шалке и спортот генерално? Во спонзорскиот договор на Шалке со „Газпром“ сигурно не стои клаузула за право на раскинување на договорот поради шпекулации за тоа „дали Путин се кине од смеење“. Исто така ниту пасус во кој би велел дека штетата на Шалке за околу 15 милиони евра годишно, која би настанала во случај да биде прекинат договорот со главниот спонзор би ја покрил Европскиот парламент.

DW Hintergrund Deutschland Moderatoren Tobias Oelmaier
Тобијас ЕлмајерФотографија: DW / Christel Becker-Rau

Повторно се бара спортот да го направи тоа што не ѝ успева на политиката. Во Европската унија се кршат копјата околу благите санкции против Русија поради анексијата на Крим, и тогаш на одговорност се повикува еден единствен фудбалски клуб? Господин Ламбсдорф од ФДП премногу ги поедноставува работите. Исто како и политичарите кои бараа бојкот на Сочи, како и оние кои не ги пуштија западните спортисти на Олимписките игри во Москва. Се разбира дека модерниот спорт не треба целосно да се држи настрана од политиката, но не смее да биде користен од неа како средство за прикривање на нејзината немоќ!