1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колкава е навистина моќта на витамините?

6 јули 2010

Само витамините од овошјето и зеленчукот се добри за здравјето. Витаминските препарати, кои станаа модeрни, најчесто се бесполезни, а можат дури и да бидат штетни - се вели во најновата студија за витамините.

https://p.dw.com/p/OBo2

Германците секоја година за витамински прeпарати трошат повеќе од 800 милиони евра. Секој трет жител на оваа земја посегнува по шумливите таблети, бонбоните или напивките што ветуваат надминување на „недостатокот од витамини“. Но, истражувањето со години покажува: витаминските додатоци не само што не ги спречуваат болестите и не го надоместуваат природниот недостаток на витамини, туку се бескорисни, па дури можат да бидат и опасни.

Автор: „Ди Цајт“/СБ/ГЧ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска