Клучен период за интеграцијата во НАТО на Македонија и Албанија
24 април 2007Реклама
Наредните два месеца ќе бидат клучни за членството на Македонија и на Албанија во НАТО-Алијансата – сметаат министрите за надворешни работи на двете земји Антонио Милошовски и Бесник Мустафаи . Тие на денешната средба во Охрид на која присуствуваа и министрите за одбрана Лазар Еленовски и Фатмир Медиу порачаа дека Македонија и Албанија ќе ја интензивираат соработката во процесот на интеграција во Алијансата . Тоа е охрабрувачка порака до регионот но и добра препорака до членките на Советот за безбедност на ОН за што поскоро решавање на статусот на Косово – порача во Охрид , шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.