Германската опера во Берлин еднаш месечно се претвора во играчница од јоргани и перници. Бебињата и нивните родители доаѓаат тука да слушаат получасовни концерти на класична музика. Целта на тие концерти е запознавање со класичните дела од мали нозе.