1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеско-јапонски спор околу ненаселен архипелаг

АТ/ дв/ афп/ ртр/ миа14 септември 2012

Спорот меѓу Кина и Јапонија околу островската група во Источнокинеското Море се заостри. Според јапонски извори шест кинески патролни бродови се приближиле до ненаселениот архипелаг.

https://p.dw.com/p/168mV
Фотографија: dapd

Шест кинески патролни бродови се приближија до контролираниот од Јапонија архипелаг во Источнокинеското Море и навлегоа во делот, кој Токио го смета за јапонски територијални води. Кинеските бродови се доближија на помалку од 22 километри од островите. „Нашите патролни бродови им соопштија дека треба да ги напуштат јапонските територијални води“, соопшти јапонското крајбрежно обезбедување. Два од бродовите, ги напуштиле водите, по барање на јапонските власти. Јапонскиот премиер Јошихико Нода изјави дека јапонските власти ќе го следат движењето на овие бродови.

Островската група двете земји ја сметаат за своја територија. Во понеделникот јапонскиот кабинет донесе одлука, да купи три острови од јапонските приватни сопственици. Кина потоа најави дека ќе испрати бродови, за да ја осигура сувереноста на земјата.

Ненаселените острови се наоѓаат на 200 километри североисточно од Тајван, кој исто така има територијални претензии над нив, и на 400 километри западно од јапонскиот остров Окинава.