Кери задоволен, договор нема
6 јануари 2014Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ја заврши четиридневната посета на Израел и палестинските територии, тврдејќи дека бил постигнат напредок, иако не се договорил со Израелците и Палестинците во рамки на мировниот договор.
За време на посетата Кери имал интензивни одвоени разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, а вчера замина во Јордан и Саудиска Арабија. Утрово се сретна со специјалниот пратеник на четворката блискоисточни мировни посредници Тони Блер. Претходно разговарал со лидерот на израелската опозиција Исак Херцог.
Кери не го откри својот предлог за надминување на длабокиот јаз меѓу двете страни, меѓутоа, се верува дека преговорите биле насочени кон безбедноста на Јорданската долина, на границата меѓу Западниот Брег и Гордан, и судбината на Ерусалим, на кои двете страни имаат право. Посетата на Јордан и Саудиска Арабија од страна на државниот секретар на САД покажува дека овие две американски сојузнички ќе бидат вклучени во секој договор меѓу Израел и Палестинците.