1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Море од знамиња за поддршка на Ердоган

Карла Блајкер/сн1 август 2016

Градот беше подготвен за најлошото, но големиот про-Ердоган собир и другите контра-демонстрации минаа главно мирно. Преку 20 илјади Турци од цела Европа во Келн му искажаа поддршка на турскиот претседател Ердоган.

https://p.dw.com/p/1JZRw
Deutschland Pro-Erdogan-Demonstration in Köln
Фотографија: Reuters/T. Schmuelgen

Веќе и патот кон големите демонстрации под мотото „Да за демократија, Не за државен удар“ се покажа тежок. Откако требаа да се заобиколат неколку полициски блокади, требаше да се праша еден полицаец за најбрзиот пат до пристаништето Дојц: „Како да се стигне оттука до демонстрациите?“.

Кои демонстрации? , гласеше вообичаното прашање. Конечно вчера во Келн не демонстрираа за гермаснките Турци приврзеници на Ердоган, туку и левичарските Курди, младинските организации на различни германски партии и десничарко екстремистичкиот сојуз Про НРВ. Демонстрациите на паристаништето Дојц од десната страна на реката Рајна во Келн со околу 20 илјади учесници беа далеку најмасовни. Тие главно беа организирани од Унијата на европско-турски демократи (УЕТД), лоби организација ан турската владејачка партија АКП.

Спроти демонстраците имаше определени тензии откако градот Келн на организаторите им забрани претставници на турската влада преку видео врска да им се обратат на демонстрантите. Еден од организаторите поднесе претставка во Уставниот суд на Германија, која беше отфрлена.

За Лутфије Кум која со целото семејство дојде од Крефелд на демонстрациите во Келн забраната е неправедна.

„Тоа не е убаво“ вели жената прекриена со турски знамиња, која 37 години живее во Германија. „Милиони Турци живеат во Германија, ние заеднички ја изградивме оваа земја. Има исти права како Германците и би требало да смееме да го видиме Ердоган на големиот екран“.

Deutschland Köln Pro-Erdogan-Demonstration
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

Без настап на министерот за надворешни работи

На големите демонстрации владеше мирољубово расположение. Некои новинари додуша беа опремени од нивните медиуми со шлемови и заштитни очила, но до насилни инциденти не дојде.

Шефот на полицијата во Келн, Јирген Матис спроти демонстрациите изјави дека можел да ја спроведе забраната за настап на турскиот министер за надворешни работи, зашто настапот на важни претставници на турската влада го зголемува ризикот од терористички напади. На демонстрациите смееше да се појави турскиот министер за спорт и младина, Акив Џагатај Килич. Во неговото обраќање тој истакна дека Турција ,исто како и Германија, се бори против тероризмот и за демократија.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во соопштение кое министерството го сподели на Твитер во саботата истакна дека мора да бидат респектирани секакви убедувања: „Не смее внатрешно-политичките тензии од Турција да се пренесуваат кај нас во Германија и да се заплашуваат луѓе со поинакви политички убедувања, без разлика која страна го прави тоа“

Застрашувања на големите про-Ердоган демонстрации во Келн немаше. Учесниците кои дојдоа со автобуси од Велика Британиија и до Белгија, вееја неверојатен број турски знамиња, танцуваа на стари народни песни и во еден глас извикуваа реченици како : „Сѐ за татковината“.

Дури и по 15 часот, кога беше официјалниот почеток на собирот, на платото на пристаништето Дојц сѐ уште пристигнуваа толпи луѓе. На самиот почеток беа пуштени турската и германската национална химна а потоа со минута молчење им беше оддадена почит на жртвите од неуспешниот обид за државен удар во Турција и од последните терористички атентати во Турција и на други места во светот.

Еден млад демонстрант со шал со ликот на Ердоган вели дека тој целосно го поддржува претседателот. Според него тоа што турскиот премиер по ободот за пуч отпуштил од работа илјадници судии не било недемократски туку неопходно за националната безбедност. „Мора конечно да се разграничи меѓу судии и терористи кои делуваат против владата “, вели демонстрантот дојден од Диселдорф.

На другата страна од реката Рајна на половина час оддалеченост пеш, меѓу неколкуте контра-протести беше и оној на Про НРВ, каде атмосферата беше далеку понепријателска отколку на другите демонстрации. Првобитно поддржувачите на Про НРВ и на други десничарско-екстремистички групации од Германија има намера да промаршираат во близина на Про-Ердоган собирот. Полицијата меѓутоа ги спречи во тоа. Доцна попладне собирот на приврзениците на Про НРВ се разотидоа. Полицајците малку подоцна мораа кратко да интервенираат против некои деничарски екстремисти кои праве неред пред да се качат на специјалните возови кои требаа да ги однесат дома. Инаку целиот вчерашен ден во Келн мина главно мирно. Воените топови распоредени како на пристаништето Дојц така и во другите делови на градот не беа употребени. Келн може да здивне.