Катастрофата низ фотографии
Според надлежните, во поплавите кои ги зафатија северните делови на Скопје, досега загинаа 22 лица, а околу 100 се повредени. Се уште нема проценки за предизвиканата материјална штета. Расчистувањето оди бавно
Волонтерите во акција
Во понеделникот повеќе невладини и граѓански организации започнаа акција за собирање помош за настраданите во поплавите. Помошта се собира кај трговскиот центар „Веро-Џамбо“ во Скопје и на други локации.
Да се спаси она што остана
Последни обиди да се спаси она што може да се спаси од покуќнината. Многумина погодени од поплавите останаа буквално без ништо.
Бегство од катастрофата
Многу жители на населбите зафатени од катастрофата одлучија да се евакуираат, а најголемиот дел успеаја да понесат само мал дел од она што им останало по невремето.
Херојот од Стајковци
Добре Соколовски е еден од јунаците од кобната саботна вечер во Стајковци, скопското село кое буквално е збришано од воденото цунами. Во кал до колена спасува што може да се спаси од кршот што останал од неговата куќа на влезот од селото непосредно до автопатот.
Непресметана материјална штета
Од надлежните се уште нема проценка за материјалната штета која ја предизвика невремето. Фотографиите на уништени автомобили и домови, како оваа, ја покажуваат силата на природната непогода.
Расчистување на теренот
Екипите на штабот за заштита и спасување работат на терен со сета расположлива човечка сила и механизација за расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.
Насекаде хаос
Во селото Стајковци насекаде кал, урнатини, камења, искршени автомобили, јавува нашиот дописник. Луѓе помагаат едни на други за да спасат што може да се спаси. По улиците сѐ уште можат да се сретнат пцовисани животни. Нема струја, вода. Се стравува од можни зарази.
Деноноќна работа
Во Стајковци и околните села акцијата за расчистување трае деноноќно. Ангажирани се армијата, полицијата, на помош се повикуваат и доброволци. Пристигнува и хуманитарна помош од добронамерници, фирми, разни организации, обични луѓе.
Уништена обиколница
Според проценките, уништени се околу два километри од автопатот околу Скопје, а штетата се проценува на околу 5 милиони евра. Од надлежните се уште нема одговор зошто е толку голема штетата на делови од обиколницата која беше пуштена за сообраќај во 2009 година.