1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карзаи бара предвремено повлекување на НАТО

15 март 2012

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со ненадеен предлог-бара повлекување на трупите на НАТО од селата. Талибанците во Авганистан ги прекинаа разговорите за мировни преговори со САД.

https://p.dw.com/p/14L2E
Фотографија: picture-alliance/dpa

По последните инциденти со палењето на Коранот ос страна на американските војници и убиството 16 авганистански цивили во покраината Кандахар во неделата од страна на еден американски војник, во Авганистан порасна незадоволството на населението против странските трупи, што талибанците успешно го користат.

Во земјата постојано доаѓа до протести против НАТО-трупите.

Како реакција авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска побара повлекување на НАТО-силите од авганистанските села. Тоа важи дури и за најзафрлените области, потенцира Карзаи. Истовремено тој побара повлекувањето на НАТО-трупите да биде во 2013-та година, а не како што беше претходно планирано-до крајот на 2014-та година.

Protest Afghanistan US Soldat Amoklauf
Серија протести во Авганистан по убиството цивили од американски војникФотографија: Reuters

Талибанците ги прекинуваат разговорите за преговори со САД

На својата интернет-страница авганистанските талибанци денеска пак соопштуваат дека се „принудени да го прекинат целосниот дијалог со Американците поради нивниот став кој постојано се менува“. Талибанците на почетокот на јануари изразија подготвеност да отворат постојано претставништво во Катар за да се водат преговори со САД, кои би требало да донесат мир во Авганистан.

Талибанците од 2001-ва година се борат против владата во Кабул и странските трупи во земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со години неуспешно се обидува да ги седне талибанците на преговараччки стол.

Обама: Не е планирано предвремено повлекување од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама ги отфрли шпекулациите за скоро повлекување на САД од Авганистан. Тој не смета за потребно вршење промени во постојниот план, изјави Обама на денешната заедничка прес-конференција во Вашингтон со британскиот премиер Дејвид Камерон. САД и Велика Британија како главни носители на мисијата во Авганистан ќе ја завршат целосно одговорно , истакна Обама и Камерон.

По инцидентот во кој американскиот војник уби авганистански цивили се појавија шпекулации за предвремено завршување на воениот ангажман во Авганистан планиран инаку до крајот на 2014-та година.  Обама истакна дека во следните месеци во Хиндукуш ќе бидат стационирани доволно војници за на радикално-исламистичките талибанци јасно да им се разбијат илузиите за нов пробив во нивната борба. Претходно шпекулациите за предвремено повлекување на странските сили од Авганистан ги сузбија и американскиот министер за одбрана Леон Панета и неговиот германски колега Томас де Мезие.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/ртре

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска