„Капетан Драган“ пред израчување во Хрватска
17 ноември 2012Во Австралија уапсениот осомничен српски воен злосторник и поранешен шеф на српските милиции Драган Васиљевиќ треба да биде израчен на Хрватска. Одлуката ја донесе министерот за правда Џејсон Клер, соопшти портпарол. Хрватска го обвинува Васиљевиќ, алијас „Капетан Драган“, за учество во мачење и убиство на цивили и воени заробеници за времена југословенските војни меѓу 1991. и 1995. година.
Одговорен и за смртта на германски новинар?
Васиљевиќ е конкретно обвинет за мачење и убиство на заробените припадници на хрватската армија во јуни и јули 1991. година во регионот Книн. Бенковац. Наводно, при рација на милициите во градот Глина во јули 1991. година, која Васиљковиќ лично ја раководел, и за време на нападот врз хрватските градови Горњи Видушевац и Доњи Видушевац, тој убил повеќе цивили. Притоа дошло и до палења и ограбувања, при што загина и германскиот новинар Егон Скотланд, кој работеше за весникот „Зиддојче цајтунг“. Регионот Книн, кој припаѓа на Хрватск, во тоа време претежно беше населен од Срби. Уште во декември 1991. година Книн беше прогласен за главен град на Република Српска Краина, која подоцна требаше да биде приклучена на Србија. Оваа област поради тоа за време на хрватската војна беше арена на масакри врз цивилното население и масинви ограбувања. Илјадници луѓе беа убиени, а стотици илјади принудени на бегство.
Апсење, ослободување, бегство, апсење
Васиљковиќ, кој поседува српско и австралиско државјанство и е позат и под името Даниел Снеден, првпат беше уапсен вбо Австралија во 2006. година. Во 2009. година со плаќање кауција се најде на слобода. Второ апсење го избегна првично со 40-дневно бегство, пред во мај 2010. година повтрно да се најде во притвор. Во ноември 2010-та година австралиски суд донесе одлука за израчување на Васиљковиќ. Тој мѓутоа ги негира обвинувањата против себе. Неговата одбрана освен тоа стравува дека него во Хрватска не го чека фер процес.