1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канада и’ го испорача на Германија поранешниот лобист за оружје Шрајбер

3 август 2009

Поранешниот лобист за оружје Шрајбер, по 10 г. борба да не и‘ биде испорачан на Германија е префрлен од Торонто во Минхен. Канадскиот суд го отфрли приговорот на Шрајбер кој е клучна фигура во аферата со донации во ЦДУ.

https://p.dw.com/p/J2Eb
Карлхајнц Шрајбер мора да одговaра пред германските властиФотографија: AP

Според обвинителството во Аугсбург, Карлхајнц Шрајбер би требало да биде изведен пред истражен судија во текот на утрешниот ден. Канадскиот министер за правда, Роб Николсон, во една изјава соопшти дека Шрајбер и‘ е испорачан на Германија согласно еден заклучок од 2004 година.

75 годишниот Шрајбер се обиде да спречи негова испорака во последна минута, но тоа не му успеа. Претставниците на канадското министерство за правда во петокот попладне се појавиле кај Шрајбер и од него побарале најдоцна до недела да се јави во притворот за протерување.

Клучна фигура во аферата со партиски донации

Karlheinz Schreiber auf dem Weg nach Deutschland
Карлхајнц Шрајбер испорачан на ГерманијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Карлхајнц Шрајбер важи за клучна фигура во аферата со партиски донации на Христијанско-демократската унија во 90-тите години. Германските власти го бараат поради обвинувања за затајување данок, мито и измама. Според наводи на обвинителството, Шрајбер од индустрискиот концерн „Тисен“ за повеќе проекти за вооружување касирал околу 15 милиони евра. Од средината на 80-тите години до 1995 година, со помош на странски фирми, преку банкарски сметки во Швајцарија префрлал пари на индустријалци и политичари. Обвинителството тврди дека донација тешка милиони Шрајбер во еден куфер му дал на поранешниот благајник на ЦДУ, Валтер Лајслер Кип. Поранешниот државен секретар во министерството за одбрана, Холгер Пфалс, според обвинувањата од Шрајбер добил 3,8 милиони марки мито во замена за неговата поддршка при продажбата на тенкови во Саудиска Арабија.

Десет години во визирот на обвинителството

Обвинителството му е на трага на Шрајбер веќе десет години. Тој беше уапсен во Торонто во 1999 година. Оттогаш, неговите адвокати се борат против испорака на Шрајбер на Германија. Шрајбер стравува дека нема да има фер судски процес. Во едно писмо што го упати до канадскиот премиер Харпер, а од коешто, според пишувањето на „Тагесшпигел“ копија стигнала и на адреса на германската канцеларка Ангела Меркел, Шрајбер изразува стравување дека му претстои политички процес. Таквото свое стравување тој го поткрепува со објавувањето акти кои, според „Тагесшпигел“, се однесуваат на негови контакти со високи политичари во земјата. „Социјалдемократската партија се подготвува за претстојните избори и се надева дека ќе ги победи германските конзервативци уште еднаш со помош на мојот случај“, се вели според ваквите тврдења во писмото на Шрајбер и се додава: „Прашање е дали конзервативниот премиер на Канада сака да биде одговорен за поддршка за СПД и изборен пораз на Ангела Меркел“. Доколку не, како што пишува Шрајбер, канадскиот премиер требало да чека со негова испорака барем додека поминат изборите за германскиот парламент.

Автор: ЕМФ/АТ/гри/се/сфп/ап/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска