Како ќе биде запаметена „Забивака“?
21 јуни 2018Маскотата на актуелното Светско првенство во фудбал во Русија се вика „Забивака“. Во слободен превод од руски тоа би значело нешто како „малиот голгетер". Забивака е сладок волк во фудбалски дрес. Во една анкета организирана меѓу руските граѓани во 2016. година, тој успеа да победи во битката против еден тигар и еден мачор за маскота на турнирот.
Според ФИФА, Забивака би требало да ја отелотворува забавната страна на фудбалот. И секако животното треба да поттикне продажбата на рекламниот материјал. Во градовите каде се игра првенството, волкот може да се види на секое ќоше.
Како и на повеќето претходни Мундијали, маскотата и годинава е животно и има некаква врска со земјата-домаќин. Слично како и бразилската маскота Фулеко на претходното СП, или Закуми, леопардот со зелена боја од Мундијали во Јужна Африка, кој како и повеќето негови претходници беше заборавен набрзо по завршувањето на првенството.
Но, некои маскоти во досегашната историја на СП во фудбал успеваа да предизвикаат и големи реакции. Какви? Откријте во следнава галерија: