1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како функционира Собранието?

НД/ дв
21 март 2017

Како се менуваат Законот за грб, знаме и химна или Законот за организација на органите на државната управа? Кои закони се носат со просто, апсолутно, двотретинско или двојно мнозинство и што значи тоа?

https://p.dw.com/p/2ZYK8
Mazedonisches Parlament spricht Vertrauen aus
Фотографија: MIA

Собранието на Република Македонија е носител на законодавната власт во државата. Тоа претставува собир на народни избраници – пратеници кои се избираат на општи и непосредни парламентарни избори со мандат од 4 години.

Од конституирањето на собранискиот состав, Собранието е во постојано засе­дание, а неговата работа се одвива преку пленарните седници и седниците на собраниските тела. Една од главните задачи на Собранието е носењето на закони, но, сите закони не се носат на ист начин.