Каде летуваат Германците
Култура? Не, благодарам. За бројни Германци одморот значи отфрлање на сите стереотипи. Но, новите забрани на алкохол на плажата „Балерман 6“ на Мајорка, ги принудија гостите да бараат нови можности.
Завршено е со плажата „Балерман 6“?
Пабови, песни, па дури и филмови се посветени на една од најомилените дестинации за забава на Мајорка. која магично привлекува бројни Германци. Но, деновите на испивање коктели од огромни чаши се избројани, новите прописи ќе забранат наскоро конзумирање алкохол по 22 часот на тој дел на плажата „Балерман 6“. Каде младите ќе ја продолжат забавата?
„Парти алармот“ ѕвони уште во 8 часот
А, што е со јужниот соседн на Мајорка, Ибица? Овој остров е познат по својата клупска сцена уште од 1990-те. Во 2011 музичкиот магазин ДЏ Маг тамошната дискотека „Спејс“ ја прогласи за најдобра на светот. Можеби поради необичното работно време: оние кои се желни за забава, таму можат да порачуваат пијалок уште од 8 часот утрото.
Влијание на општеството
Освен плажите на Мајорка, меѓу младите е популарен и копнениот дел од Шпанија. Фаворит сигурно е Лорет де Мар, каде секоја година се собираат илјадници туристи од северна Европа. 13 проценти од сите патувања на Германците за цел ја имаат Шпанија. Таму групните активности покрај пијалок заживеаја меѓу младите Шпанци, на големо разочарување на мештаните.
Новиот фаворит: Хрватска
На 1 јули Хрватска стана нова членка на ЕУ. Значи, крајно време за запознавање на новите соседи. Сепак, за младите уште одамна Хрватска е членка на нивната „забавна унија“. Плажата Зрќе стана Мека за младите, дури доби и прекар - хрватска Ибица. Таму Германците пронајдоа место за себе.
Зрќе во Хрватска: неизбежна дестинација на желните за забава
Бучно, распојасано, непристојно: така се забавуваат младите во лето. Се‘ повеќе млади желни за забава ги посетува популарните „парт плажи“, а една од нив е воЗрќе во Хрватска (на фотографијата). Освен што ноже се нуди разновидна музичка програма, плажите дење нудат разладување во чисто море.
Опуштање на Црното Море
„Полнење батерии“ за забава: долгата песочна плажа на бугарскиот брег на Црното Мореим нуди одмор на гостите. Државата - членка на ЕУ, северно од Грција, не е омилена само меѓу Германците. И Британците и Скандинавците овде сакаат да пијат евтино пиво.
Барате ново државјанство?
„Министерството за добра забава“ ги повикува младите од цел свет на Кримскиот Полуостров во Украина. Фестивалот каЗантип функционира како држава: таму постојат визи, државни служби и устав. Секоја година таму се собираат до 170 илјади млади луѓе. Дури и Германците можат да станат „државјани“. Под кои услови? Потребно е само добро расположение и портокалова боја на облеката.
Прослава со стил
Оние кои префереираат помалку шарени искуства, можат да се вратат на класика: Сент Тропе. Оваа парти-дестинација на југот на Франција ги мами богатите и убавите уште од 1970-те. Сепак, за типичните млади желни зазабава оваа локација е помалку атрактивна, зашто ниските цени на пијалоците не се честа појава.
На брегот на Северното Море
Најомилено одредиште за забава за Германците е - Германија! Зошто тогаш да не се испроба забава на Силт? Во тамошните клубови може да се игра цела ноќ. Сепак, мала промена добро доаѓа. Она што некогаш беше засолниште за авторите и уметниците, прерасна исто така во популарно собиралиште на монденскиот свет.
Шарено и топло
Овде тешко да најдете сендвичи со риба од Северно Море и шампањ, но забавата е одлична. Гоа во Индија стана популарна меѓу младите хипици во 1970-те. Сега ова е една од најомилените дестинации за оние кои бараат забава. Шарените забави во Гоа се познати во цел свет. Уште повеќе што морето потоа нуди освежување.
Добредојдовте во Мајами
Оушн драјв е една од најпознатите улици во Мајами бич, дури и за туристите од Германија, благодарение на телевизијата. Крајбрежните американски градови уживаат култен статус поради бројните телевизиски серии кои се снимани таму. Преку ден можете да се сончате на плажите во Мајами, а ноќе да се забавувате.
Забава во Израел
Иако изгледа малку наежувачки, овие млади луѓе, вооружени со пиштоли на вода, само се забавуваат. И покрај политичките прилики, Израел станува се‘ популарен како одредиште за младите луѓе кои бараат забава. Бројните клубови, пабови и ресторани, како и долгите плажи привлекуваат.