Каде е БиХ 15 години по Дејтонскиот договор
21 ноември 2010Како и другите мировни договори, така и Дејтонскиот има ограничен век на траење. Со можната стабилизација во БиХ, договорот би требало да доживее трансформација, вели Миро Лазовиќ, поранешниот претседател на собранието на БиХ и еден од учесниците во мировните преговори. Тој смета дека особено анексот 4 би требало особено да се трансформира, односно Уставот на БиХ кој ги реафирмира националните поделби и произведува социјални и политички конфликти.
„Дејтонскиот договор за овие 15 години ја покажа сета своја контрадикција, бидејки истовремено им даваше доволно надеж на оние кои сакаат да ја интегрираат БиХ, но во исто време и на оние кои сакаат да се зачувааат постојаните поделби добиени од војната.“
Улогата на меѓународната заедница во промената на дејтонскиот Устав е од клучно значење, смета Лазовиќ:
„На начин со одредени позитивни политички притисоци ќе ја принудат домашната политичка сила да ги прифати оние промени кои се дел од европските стандарди и принципи.“
„Сега е потешко отколку пред 15 години“
Професот од Бања Лука, Миодраг Живановиќ тврди дека денешните општествени услови во БиХ се потешки отколку во времето по потпишувањето на Дејтонскиот договор.
„Во сите сектори на животот ништо не е направено, а посебно голем проблем е тоа што етничките далечини во нашата земја сега се многу подлабоки и поголеми, отколку во годините на војната.“
Затоа Живановиќ не е оптимист во поглед на дејтонското функционирање на БиХ.
„Српската страна во БиХ не е за БиХ, како ни хрватската, а за жал и третата односно бошњачката не е за БиХ, иако за тоа само декоративно зборува. Визиите на бошњачките политичари во изминатите 15 години беа максималистички, и кога некој тоа го прави секако дека не е искрено ’за’ БиХ“.
Оптимистите се ретки
Граѓаните на Сараево зборуваат за тоа каде се наога БиХ,15 години после дејтонскиот договор:
„Никаде!“
„Сосема е јасно дека дејтонскиот договор ја запре војната, но донесе една грда држава, и ако за тоа се виновни Американците, им посакувам држава каква што тие нас ни оставија.“
„После војната имаше повеќе оптимизам.“
Аналитичарите се согласуваат дека дејтонскиот Устав треба да се усогласи со меѓународните стандарди, но не веруваат дека е тоа можно без учество на меѓународната заедница. Не се оптимисти бидејки и после октомвриските избори веќе е извесно формирање на меѓусебно спротиставени национални блокови.
Автор: Самир Хусеиновиќ / Владимир Калински
Редактор: Трајче Тосев