1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ифтар со претседателот

ЕМФ/ск/ртр14 јуни 2016

Германскиот претседател Јоахим Гаук првпат присуствуваше на ифтар. Тој нагласи дека повеќе среќавања се особено важни во време во кое се шири меѓусебна недоверба.

https://p.dw.com/p/1J6LQ
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Германскиот претседател Јоахим Гаук се одзва на поканата на џамиите и црквите, но и на здруженијата во берлинскиот кварт Моабит, за присуство на ифтар. Во текот на изминатите години на сѐ повеќе места во Германија стана обичај прекинот на постот навечер за време на Рамазан, да се одбележува како заедничка дружба на муслиманите и немуслиманите. Верниците муслимани, но и нивните колеги, пријатели и соседи се среќаваат на залез на сонцето за заеднички да вечераат - и да разговараат.

Со оглед на поларизацијата во општеството, претседателот Јоахим Гаук смета дека сега е поважно од кога и да е муслиманите и немуслиманите да прават чекори едни кон други. „Поттикнувањето на средбите е особено важно во време во кое се шири недоверба“, нагласи Гаук пред присутните.

„По ужасните злосторства на исламистичките групи на Блискиот Исток и во Африка, како и по терористичките напади во европските престолнини, кај многу луѓе се всади чувство на секојдневна загрозеност. Кај некои стравот од исламистичкиот терор се претвори во страв од муслиманите“, рече германскиот претседател.

Од друга страна, пак, и многу муслимани се сомневаат во волјата на западните општества за рамноправен соживот, „затоа што сметаат дека се дискриминирани и дека се ставени под генерален сомнеж“, додаде Гаук и побара намалување на недовербата и дистанцата.

Еве како беше во Берлин:

Гаук на вечера со муслиманите во Берлин