Истрели кај Белата куќа – Трамп прекина прес-конференција
11 август 2020Службеник од обезбедувањето му шепнал неколку зборови на уво на Донад Трамп, по што американскиот претседател ја напуштил прес-конференцијата. Пред да замине соопштил дека Службата за безбедност пукала во вооружено лице надвор од Белата куќа и ранетиот се наоѓа на пат во болница.
Доналд Трампбил префрлен во Овалната соба, а претседателот изрече потоа бројни пофални зборови за луѓето од своето обезбедување. Кратко потоа тој се врати и ја продолжил прес-конференцијата. За време на отсуството на Трамп, новинарите биле заклучени во просторијата.
Идентитетот и мотивите на 51-годишниот човек кој е повреден со истрел во градите засега не се познати. Трампизјавил дека инцидентот веројатно немал никаква врска со него.
За време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп политичките тензии во земјата бележат силно зголемување. На 3. ноември, за помалку од три мсеци, ќе бидат одржани претседателските избори на кои Трамп се кандидира за втор мандат.