Истанбул: Демонстрации во чест на убиениот случаен минувач
24 мај 2014„Држава убиец“, „Ни должите отчет“ извикуваа илјадниците луѓе собрани во истанбулската насалба Окмејдани, каде вчеравечер (23.05) беше погребан 30-годишниот човек кој како случаен минувач загина од заскитан куршум за време на завчерашните протести во турската метропола. Демонстрантите веруваат дека куршумот со кој бил погоден 30-годишникот потекнува од полициски пиштол. За време на нередите кои траеја во текот на целата ноќ меѓу четвртокот и петокот загинало уште едно лице.
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, демонстрантите на протестите кои пред сѐ беа насочени против неговата влада ги означи како „терористи“ кои „ сакаат даја поделат земјата слично како во Украина. Ердоган уште истакна дека не може да го разбере трпеливиот однос на полицијата кон демонстрантите.
Судирите во четвртокот започнаа откако група од 10 до 15 млади луѓе се собрале во населбата Окмејдан во центарот на Истанбул и почнале да извикуваат пароли за поддршка на еден млад човек повреден при претходните протести во градот, организирани поради минатонеделната несреќа во рудникот во Сома, при која загинаа 301 лица.
На интернет претходно се појавија снимка од протестите на која се гледа како полицијата со водени топови ги растерува демонстраните, како и еден полицаец кој пука во воздух.
Синоќешните протести се одржаа на годишнината од почетокот на демонстрациите против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, кои прераснаа во неколкунеделни антивладини протести.