1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Исплатливи зделки“ со уметнички дела

18 јули 2011

За време на националсозијализмот на Евреите им биле одземани уметничките предмети, што ги препродавале трговиците на уметнички дела. На ова тема и´ е посветена една изложба во Берлин.

https://p.dw.com/p/11tZ2
***Das Pressebild darf nur in Zusammenhang mit einer Berichterstattung über die Ausstellung verwendet werden*** Copyright: Das Aktive Museum 2011 GUTE GESCHAEFTE. Kunsthandel in Berlin 1933-1945. Ausstellung im Centrum Judaicum (bis 31.7.2011) und Podiumsgespraech: "Gute Geschaefte? Kunsthandel in Berlin heute vor dem Hintergrund derNS-Geschichte", Kunststiftung Poll, 30.6.2011 4. Der Berliner Kunsthändler Alfred Flechtheim in Paris, undatiert Privatbesitz
Уметничко дело од времето на националсоцијализмот на Алфред ФлехтхајмФотографија: Das Aktive Museum

Изложбата што се одржува во Берлин, под покровителство на Центарот на Евреите, е под наслов „Исплатливи зделки? Трговија со уметнички предмети во Берлин од 1933 до 1945.“

Врз основа на пописот на адресите и телефонските броеви научниците од Активниот музеј од Берлин го утврдиле идентитетот на околу 800 трговци со уметнички предмети и аукционери. За време на националсоцијализмот нагло порaснала продажбата на уметнички дела - и тоа поради масовното одземање на еврејскиот имот во кој често се наоѓале и вредни уметнички предмети, чии сопственици биле приморани да отидат во емиграција или биле депортирани во концентрациони логори. Во периодот од 1933. до 1945 година националсоцијалистичките власти ја надгледувале трговијата со уметнички предмети во Берлин. Тие повеќекратно профитирале од протерувањето на Евреите, вели Кристина Фишер-Дефој, директор на Активниот музеј и куратор на изложбата која ја документира судбината на 14 трговци со уметнички предмети. Желбата и´ била да ја прикаже диференцираната слика од тој период: и жртвите, и извршителите и своевидната „сива зона“ помеѓу нив.

На пример, Бернхард Бемер. Тој бил еден од малубројните кои имале лиценца на националсоцијалистичкиот режим за трговија со модерната уметност. Кристине Фишер-Дефој покажува на една плоча: „Бемер бил пријател на уметникот Ернст Барлах. Затоа оваа плоча се вика „ Јанусова глава , според римскиот бог Јанус кој имал глава со две лица свртени кон различни страни. Бемер, секако, имал полза од трговијата со забранети дела, меѓу кои биле и оние на Ернст Барлах. Истовремено мора да се признае дека му успеало да сочува некои од делата на Барлах од уништување од страна на националсоцијалистичкиот режим.“

Трговците ги спасувале уметничките дела

***Das Pressebild darf nur in Zusammenhang mit einer Berichterstattung über die Ausstellung verwendet werden*** Copyright: Das Aktive Museum 2011 GUTE GESCHAEFTE. Kunsthandel in Berlin 1933-1945. Ausstellung im Centrum Judaicum (bis 31.7.2011) und Podiumsgespraech: "Gute Geschaefte? Kunsthandel in Berlin heute vor dem Hintergrund derNS-Geschichte", Kunststiftung Poll, 30.6.2011 - 3. Der Berliner Kunsthändler Karl Nierendorf mit Leopoldine Konstantin und dem Ehepaar Adriani in Kalifornien, 1940er Jahre Galerie Nierendorf, Berlin
На сликата се гледа трговецот со уметнички дела Карл Нирендорф со неговата сопруга Леополдине Константин со брачниот пар Адриани во КалифорнијаФотографија: Das Aktive Museum

Спасување на уметноста - тоа бил аргументот со кој по војната се бранеле многу успешни трговци со уметнички предмети. Наспроти овие, галеристот Алфред Флехтајм бил прогонет токму поради што тргувал со непосакувана современа уметност и бил со еврејско потекло.Тој ја напуштил Германија веќе во 1933 година и потоа работел во Париз и Лондон. Неговата сопруга останала да ја чува приватната збирка во Берлин. Брачниот пар Флехтајм се надевал дека владеењето на националсоцијалистите нема долго да потрае, вели Кристина Фишер- Дефој: „Таа подоцна не успеала да излезе од Германија. Тој умрел во 1937 година во Лондон. Неговата јадна сопруга Бети тогаш со дел од нивната збирка се´ уште била во Берлин. Таа извршила самоубиство вечерта пред да биде депортирана. Уметничката збирка до денес не е пронајдена."

На изложбата е документирана и судбината на Паул Граупе, угледен трговец со уметнички предмети и аукционер со еврејско потекло. И тој имал посебна лиценца се´ до 1939 година, кога морал да ја напушти Германија. Граупе работата му ја препуштил на својот тогашен соработник Ханс Ланге, кој очигледно догурал далеку: Ланге бил еден од најголемите трговци со запленети уметнички предмети во Берлин, кој го презел целото домаќинство на протераните и депортираните Евреи. Но, имало и такви кои се поинаку се однесувале. На пример, Карл Нирендорф. Тој не бил Евреин и тргувал со дела на модерната уметност. А тогаш дошол периодот кога тие дела не само што не можел да ги продаде, туку не смеел ниту да ги изложи. Кристине Фишер-Дефој раскажува:

Германската влада сака да им ги врати уметничкте дела на сопсвениците

***Das Pressebild darf nur in Zusammenhang mit einer Berichterstattung über die Ausstellung verwendet werden*** Copyright: Das Aktive Museum 2011 GUTE GESCHAEFTE. Kunsthandel in Berlin 1933-1945. Ausstellung im Centrum Judaicum (bis 31.7.2011) und Podiumsgespraech: "Gute Geschaefte? Kunsthandel in Berlin heute vor dem Hintergrund derNS-Geschichte", Kunststiftung Poll, 30.6.2011 - 2. Auktionshaus "Union", Inhaber Leo Spik, in der Tiergartenstraße 6, um 1935 Landesarchiv Berlin
Аукциската куќа „Унион“ во сопсвеност на Лео Шпик во 1935 годинаФотографија: Das Aktive Museum

„ Во 1936 година, за време на Олимписките игри, успеал уште да ја постави големата изложба на Франц Марк. Но, тоа беше така да се каже негова проштална изложба во Берлин. Истата година се отселил во Њујорк и таму продолжил да се занимава со продажбата на уметнички предмети. Нидендорф за разлика од многу други, одбил да ја продава запленетата модерна уметност."

Оваа изложба во Берлин не се занимава само со националсоцијалистичкото владеење во Германија, туку и со активностите на сојузниците, а подоцна и со германската влада, во потрагата по изгубените уметнички предмети и нивното враќање на сопствениците. А тоа се очигледно два различни аспекти на оваа тематика: од една страна, трговците со уметнички предмети чија што цел е најчесто добрата заработувачка, и од друга страна, германските власти и научниците кои првенствено сакаат да ја утврдат судбината на уметничките дела и да им ги врати на нивните сопственици.

Автор: Кристина Корт / Светлана Брик

Редактор: Трајче Тосев