1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирене Фернадез добитник на алтернативна Нобелова награда

9 декември 2005

Малезијката Ирене Феннадез во петок заедно со останатите овогодишни добитници ќе и биде доделена алтернативната Нобелова награда.

https://p.dw.com/p/Aeuf
Ирене Фернадез
Ирене ФернадезФотографија: dpa - Bildfunk

Ирене Фернандез припаќа во редот на најпознатите борци за човекови права во Малезија. 59 годишната веќе околу 30 години се залага за правата на жената и работниците. Овогодишната награда таа ја добива пред се за своите активности во борбата против злоупотреба на работниците кој во Малезија дошле од други земји, луѓе кој ја продаваат својата работна сила работејќи на плантажи. Под какви услови мораат да живеат илегалните работници во Малезија покажа еден извештај објавен пред десетина години.. Овој извештај и даде на Фернадез поттик по детално да ја опише ситуација и прифатилиштата каде што се сместени работниците. Меѓу нив имаше и затвореници а истовремено и многу жени кој биле сексулано злоставувани.. Она што е најстрашно е тоа што на овие луѓе не им е пружена никакава медицинска помош а истовремено констатирани се и голем број на смртни случаи поради појава на разни болести и неухранетост.. Малезиските валсти наместо да сторат нешто против ваквите насилства и злоупотерби на невиното население, тие ја обвинија овогодишната добитничка на нобеловата награда за злонамерно ширење лажни вести.

Во 2003 година Фернадез беше осудена и доби една година казна затвор. Судскиот процес против неа беше еден од најдолгите во историјата на Малезија кој траеше повеќе од седум години.. Во моментов Ирене се наоѓаа на слобода откако за неа беше платена кауција.

„Фруструрана сум поради системот во кој цвета насилството, поради тоа што работодавачите ги тепаат работниците затоа што прашуваат зашто не им се исплаќаат платите кој им следат. Владата ништо не презема, туку уште повеќе го поттикнуваат насилството. Фрустрина сум поради тоа што не се почитуваат законите и поради тоа што постоечките правни инструменти не се применуваат. Недостасува политичка војла. Тоа е мојата фрустрација.“

Ирене Ференадез смета дека решавањето со проблемот на доселување и меѓународна миграција не би требало да ги ограничи само директно погодените земји:

„Тоа е регионален и глобален проблем. Ние мораме да пронајдеме глобално оружје како би можеле да се справиме со тоа“..