Иран сака стабилен Авганистан
15 август 2007Реклама
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги отфрли обвинувањата од САД дека неговата земја ги снабдува со оружје радикално исламистичките Талибанци во Авганистан.Обвинувањата се неточни,изјави Ахмадинеџад при средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул.Иран сака силен и стабилен сосед.Карзаи најави дека Авганистан може да помогне во посредувањето меѓу Иран и САД.