Името пред НАТО и ЕУ
30 декември 2010“Оваа политика го раѓа евроскпетицизмот, не гледам дека правиме нешто за да ја задржиме досегашната висока доверба во евроинтегративните процеси“, критикуваше Владо Бучковски.
Нему му реплицира министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, со зборовите: “Импресивно делува довербата што ЕУ ја има во Македонија.Има голем евроентузијазам што е добар феномен и силен аргумент на нашата политика, иако државата се соочува со континуирани блокади од Грција“. Милошоски на на крајот од 2010 година јавно побара Атина да покаже ервопско однесување и волја за компромис околу името.
За владино-државниот врв, пред се` за премиерот, континуираното грчко вето е главната причина за застојот во сојузништвото со ЕУ и НАТО, додека за опозицијата тоа е алиби-политика. СДСМ тврди дека кај владата нема волја за компромис. Во последниот јавен настап во македонскиот парламент, претсдеателот на државата, Ѓорѓе Иванов, доби аплауз од владејачкото мнозинство за ставот. “Не е прифатливо да се преговара за решение што задира во нашиот идентитет, јазик, устав, како чувар на нашиот суверинитет“
На ова реагираше неговиот претходник и сегашен челник на опозцијита Црвенковски.“Решение за спорот не може да се пронајде за шест месеци и со тоа да се стане членка на НАТО. Ние сме исправени пред позиција дека не може и име и членство во алијансата“.
Решавањето на спорот околу името ја предизвика и осмата средба на грчкиот и македонскиот премиер, Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Нивниот непосреден дијалог, како и јавните шпекулации дека Скопје и Атина одржуваат паралелни тајни билатерални преговори, ја замрзна медијацијата на Метју Нимиц и покрај неговите протоколарни средби во Њујорк со Иванов, Милошоски, Папандреу и Друцас. На почетокот од годината, посредникот разговраше и на својата регионална турнеја, но во Скопје во февруари,тој беше категоричен.
“На маса и натаму е сет идеи, веќе еднаш објавени, но не и за идентитески прашања“. Дел од јавноста беше скептик кон оваа порака од медијатрот.
Скопје како (не)пожелна дестинација за светските политичари
Американската администрација беше активна во контактите со властите во Македонија, а еден од емисарите, сенаторот Џорџ Војновиќ, побара Мкаеоднија да ги продолжи преговорите и со политика на “флексибилност да ја забрза постапката за прием во НАТО“.
Во државата беа и водечките личности од Брисел, генралниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, еврокомесарот Штефан Филе, додека претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој, по средбата со премиерот Груевски, беше пријателски настроен кон него лично, но и во стимулирањето на владата да продолжи со рефромите што ги бара ЕУ.
Македонскта метропола ја заобиколија американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, кои беа на балканска турнеја. Државно-владиниот врв реализираше самити со лидерите од соседството – Бериша, Борисов, Тадиќ, Јосиповиќ, а македонскиот премиер за првпат влезе во резиденцијата на британскиот колега Дејвид Камерон на „Даунинг стрит“ во Лондон.Од друга страна, грчкиот шеф на дипломатијта ја одби поканата на својот македонски колега за билатерна посета на Скопје. Милошоски не беше повикан на разговорите во Софија, каде неодмна беа српкиот Јеремиќ, грчкиот Друцас и домаќинот Младенов.
“Ние со Бугарија имаме добри однсои, повремено има стари прашања од историјата, но проблемите не се како со Грција,“ оцени Груевскуи во интервју за ТВ Канал 5. И покрај иницијтивата од бугарскиот премиер Бојко Борисов, Скопје и Софија не ги доближија разликите околу некои одредби за малцинските права и македонскиот јазик, во понудениот договор за добрососедство. Од останатите натсани што ги одбележаа меѓусоседските односи беше и воспоставувањето дипломатски односи со Косово, откако Македонија ја призна неговата независност.
Во Скопје есеноска се одржа голем меѓународен собир за исламот на Балканот. “Исламот е мирољубива религија и уверување што не врши пресија врз луѓето и нивните убедувања“, кажа во МАНУ Екмеледин Ишинаглу, генерален секретар на Исламската конференција со педесетина членки и над една милјарда верници. Собраните светски експерти говореа дека само во Македонија се сочувани сите артефактите од времето на османлиството во регионот.
Прегледот продолжува на следната страница со лустрацијата и офанзивата на опозицијата.
Погледната однадвор, македонската политика како да станува една голема афера составена од повеќе скандали, посочи во една собраниска дебата опозициски партеник.
Сред лето пратеници на СДСМ нападнаа дел од обезбедувањето на Собранието. Опозицијата тврдеше дека министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, уфрлила спецјалци-провокатори, иако парлемнтарците од владејачкото мнозиснтво не беа дел од овој скандал. Епилог нема, иако беше формирана анкетна комисија.
Лустрациски циркус
Во тек на годината се разрешени дваесетина судии, а исто толку нови се избрани. Обновена е една третина од делителите на правда од доаѓањето на оваа власт. Опозицијата тврди дека на сцена е партизација на судството, министерот Маневски секогаш ги спори овие гледишта.
Годинава започна и лустрацијата, а прв на удар се најде претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, осомничен дека како малолетник бил врбуван и работел како доушник на македонската тајна полиција. Потоа започна таканаречената улична лустрација, со јавно публикување на досиеа со псевдоними Ибар, Вујко, Мама. Стануваше збор за актуелни водачи на ОНА, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Албанското ткиво се подели, а се води и судски спор против едно лице, кое наводно го фабрикувало овој дел од скандалот со лустрацијата.
“Досиејата не се албански производ, сите ги правеле српските или македонските тајни служби, кога се во прашање Албанците“, ни рече професор Алајдин Демири.
Начинот на манипулација и скепса околу веродостојноста на покажаните досиеја изрази и професор Владо Поповски, кој вели дека „не е исклучено тие да бидат дел од план за дестабилизација на земјата и пред се` нова недоверба, сега и меѓу самите Албанци“.
Опозициска офанзива
Владејачкото мнозинство ги одбрани од интерпелација спикерот Вељановски, министрите Ставревски, Јанкуловска, Маневски и Канчевска. Опозицијата се окуражи и почна со моделите на протести, стартувајки со “Востание во Прилеп“, а завршувајки во Скопје со Марш на демократијата и барање за предвремени избори преку пристисокот на еден од досега најмасовните собири.
“Се додека народот ви ги памети сите вашу дубари, даночни пирамиди, пирамидални штедилници и криминал, вашето место(на СДСМ) е таму каде што сте сега, во опозиција“, изјави во парлемнтот Шутаров од ВМРО-ДПМНЕ. „Избори не сака СДСМ, народот нив ги бара и ние сме подготвени да ве симнеме од власт“, контрираше Ивановска. Собранието одби да се самораспушти.
Во главниот град почна поставувањето на спмениците на светите браќа Кирил и Методиј, Методија Андонов-Ченто, Гоце Делчев, Даме Груев, Гемиџиите, лавовите, дел од проектот Скопје 2014, што наиде на остри полемики и во собраниското соочување. Во меѓувреме есеноска беше прмовиран и проектот за обнова на плоштадот Скендербег во старата чаршија.
Годината завршува со полициски упад во ТВ А1, како што тврдеа новинарите, но и приведување на нејзиниот сопственик Велија Рамковски, осомничен за финансиски криминал. Новинарите добија нов претседател на ЗНМ. Насер Селмани е истакнат новинар на „Вест“, а по се` изгледа и речиси прв Албанец во Македонија, кој е на челна позиција на една асоцијација со мешан национален состав. Тој оценува дека новинарите „ја загубија и меѓусебната доверба, досега здружението беше нереспектирано, но во Македонија има добри новинари, кои работат и живеат од професијата со висок степен на професионалност и одговорност“.
На крајот од годината, останува оценката дека зад нас е уште една транзициска година, а 2011 граѓаните ја очекуваат со многу надежи, но и стравувања.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Трајче Тосев