1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протерување илјадници мигранти од САД во Хаити

ЖА /РТР
20 септември 2021

Во само неколку дена во мало гратче во Тексас стигнаа илјадници мигранти и подигнаа логор под еден мост, опстојувајќи во често човечки недостојни услови. САД преземаат остри мерки и најавуваат масовни депортации.

https://p.dw.com/p/40XzF
USA | Weitertransport von Flüchtlingen in Del Rio
Фотографија: Eric Gay/AP Photo/picture alliance

Американските граничари на викендот преместиле 3300 мигранти, главно од Хаити, од импровизираниот логор на Рио Гранде во Тексас на други места.

„Нашата цел е во следните шест до седум дена сите 12.662 мигранти кои се сместени овде под мостот, што побрзо да ги протераме“, изјави шефот на американската гранична служба Раул Ортиз на прес-конференција во граничното место Дел Рио во Тексас. САД истакнуваат дека тесно соработуваат со земјите кои овозможиле поминување на мигрантите на нивниот пат кон САД.

Американските власти најавија секојдневни депортирачки летови за мигрантите од Хаити, првиот таков авион вчера слета во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Тамошните локални службеници искажаа загриженост од поголем бран на вратени мигранти.

USA | Grenzbücke nach Mexiko in Del Rio
Илјадници мигранти од Хити во обид да влезат во САДФотографија: William Luther/San Antonio Express-News/ZUMA Press/picture alliance

Во импровизираниот логор под меѓународниот мост кој ги поврзува Киудад Акуна во Мексико и Дел Рио во Тексас, во меѓувреме на моменти имаше до 13.000 мигранти, претежно од  Хаити,  кои се во бегство поради сиромаштијата, криминалот на организирани банди и природни катастрофи во нивните татковини.

Американскиот претседател Џо Бајден во последно време е ставен под притисок поради растечкиот број на мигранти од Хаити во граничната област меѓу САД и Мексико.

Никој не смее да умре од жед